Посилна од судбината: Хурем блеска во улогата на самохрана мајка (фото)


Посилна од судбината: Хурем блеска во улогата на самохрана мајка (фото)

Партнерот ја напушти додека беше бремена, но денеска е посилна од кога и да е. Таа навистина ужива во родителството, а заради ќеркичката, сепак се извлече од емотивната бура која ѝ се случи во животот.

 posilna-od-sudbinata-hurem-bleska-vo-ulogata-na-samohrana-majka-foto-1.png

Наспроти професионалниот успех што го постигна со улогата на Хурем во познатата турска историска серија „Величествениот“, судбината на актерката Мерјем Узерли (34) ѝ донесе бродолом во приватниот живот.

Меѓутоа, таа сега е среќна самохрана мајка на ќеркичката Лара, па се чини дека тешките времиња ги остави во минатото.

❤️👭❤️

A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) on

Малечката деновиве наполни 4 години, а мама ѝ подготви роденден за паметење, одново будејќи го интересот на светските медиуми.

Особено по сите перипетии што ги доживеа на емотивен план, кога привремено се повлече од глумата и јавниот живот, напуштајќи ја својата втора татковина Турција. 

 posilna-od-sudbinata-hurem-bleska-vo-ulogata-na-samohrana-majka-foto-2.jpg

За време на снимањето на споменатата серија, славната Хурем започна љубовна врска со 17 години постариот бизнисмен Џан Атеш, од кого и остана бремена. Оттогаш, сѐ ѝ тргна на лошо.

Како татко на две возрасни деца, плејбојот по ниту една цена не сакал Мерјем да го задржи бебето, па ја принудувал да абортира, сметајќи дека тоа ќе им ја уништи врската. Набрзо и ја напушти, по што глумицата остана сама.

 posilna-od-sudbinata-hurem-bleska-vo-ulogata-na-samohrana-majka-foto-3.jpg

Скршена од болка, таа западна во тешка депресија, па се врати на лекување во родната Германија, каде ја роди и својата миленичка.

Но, девојчето поради кое започнаа сите нејзини проблеми, на крајот успеа да ѝ помогне на мајка си да застане на нозе, како и да ги преброди сите неволји.

 posilna-od-sudbinata-hurem-bleska-vo-ulogata-na-samohrana-majka-foto-4.jpg

Во меѓувреме повторно заплови во љубовните води, ама најсилна врска во животот ѝ е онаа што ја има со сопствената ќерка.

За роденденот, Мерјем ѝ приреди максимално уживање и совршена тематска забава, којашто самата ја организирала.

 posilna-od-sudbinata-hurem-bleska-vo-ulogata-na-samohrana-majka-foto-5.jpg

Како изненадување за својата најголема љубов, таа на гости ѝ ги покани омилените анимирани јунаци, со што посебно ја израдува ќеркичката.

Четиригодишната Лара славеше во друштво на Mики и Мини Маус, додека и двете беа облечени во идентични костими.

Дека Хурем ѝ го посвети животот на ќерката, сведочат и мноштвото објави на Инстаграм, каде таа редовно споделува фотографии од заедничките моменти со Лара:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Невозвратена љубов: Ѕвезди кои добиле „корпа“ од други ѕвезди Постои ли жена што може да му одолее на Џорџ Клуни? Да. Нејзиното име е Ева Лонг...
Личен готвач, стилист и образование од 20.000 евра: На 6 години, Блу А... Можеби има само 6 години, но ќерката на Џеј Зи и Бијонсе, Блу Ајви Картер, веќе ...
Ирина Шајк со Бредли Купер и неговата мини копија, ќеркичката Леа, на ... Бредли Купер и Ирина Шајк се пример за среќно, славно семејство кое навистина зн...