Тажните слики се лажни: Како татко ѝ си поигра со чувствата на Меган Маркл?

Од ден во ден, господинот Томас Маркл ги собираше симпатиите на светот, откако во јавноста почнаа да се појавуваат папарацо фотки од неговите припреми за големата свадба. А, вистината била сосема поинаква. За жал.

tazhnite-sliki-se-lazhni-kako-tatko-i-si-poigra-so-chuvstvata-na-megan-markl-2.png

Нема човек што не го натажи веста дека таткото на Меган Маркл чита за кралската свадба во интернет кафе, и сè уште не го запознал Хари. Бидејќи е извесно дека тој ќе ја испрати невестата до олтарот, многумина претпоставуваа дека навистина сака навреме да се подготви за тоа она го очекува.

tazhnite-sliki-se-lazhni-kako-tatko-i-si-poigra-so-chuvstvata-na-megan-markl-3.jpg

Само неколку дена пред свадбата на ќерка си, Томас Маркл (73) беше забележан како во близина на неговиот дом во Мексико, чита вести за кралската свадба во интернет кафе. Со својот иден зет, наводно се слушнал само телефонски. Жално, нели?

tazhnite-sliki-se-lazhni-kako-tatko-i-si-poigra-so-chuvstvata-na-megan-markl-4.jpg

Во деновите што следуваа, пак, страниците на весниците ги полнеа слични емотивни сцени. Сакајќи да изгледа што подобро на големиот настан, Маркл одлучи да „вежба“, како би ја намалил телесната тежина. Предоцна, би рекле циниците, но на мноштво емпатични луѓе им беше сладок и таквиот гест од еден родител.

tazhnite-sliki-se-lazhni-kako-tatko-i-si-poigra-so-chuvstvata-na-megan-markl-5.png

Потоа, публиката беше во можност да види и како на господинот му земаат мерки за свадбеното одело кај локален кројач, па дел од луѓето си направија паралела помеѓу скапите и раскошни креации што ќе ги носат членовите на британската монархија, наспроти „кутриот“ сиромашен татко на Меган Маркл.

tazhnite-sliki-se-lazhni-kako-tatko-i-si-poigra-so-chuvstvata-na-megan-markl-6.png

На крајот, емоциите доживеаа кулминација кога тој беше „уловен“ како држи енциклопедија од британското кралство во рацете, трудејќи се да прочита и дознае повеќе детали за земјата каде неговата ќерка ќе живее, а и тој набрзо ќе гостува. И сѐ звучеше трогателно – до вчерашниот ден.

tazhnite-sliki-se-lazhni-kako-tatko-i-si-poigra-so-chuvstvata-na-megan-markl-7.png

Имено, весникот Daily Mail со докази ја разоткри измамата на Томас Маркл. Фотките не се реални, ниту спонтани, а ни случајно направени. Напротив. Секоја од нив е испланирана, исценирана и испозирана. Дури ни кројачот не е вистински кројач, туку вработен во продавница, кого тој го почестил со напојница за услугата. Зошто?

tazhnite-sliki-se-lazhni-kako-tatko-i-si-poigra-so-chuvstvata-na-megan-markl-8.jpg

Бидејќи од споменатите лажни слики, на таткото на Меган Маркл му се смешка заработка од 100.000 фунти. Сѐ било договор помеѓу него и фотографот Џеф Рајнер, а дел од британските медиуми наседнаа на трикот, па ги споделија како автентични папарацо фотографии.

tazhnite-sliki-se-lazhni-kako-tatko-i-si-poigra-so-chuvstvata-na-megan-markl-9.jpg

Од Кензингтонската палата се недостапни за коментар на случајот, ама сигурно дека на Меган не и е воопшто мило поради скандалот. Таа лично инсистираше на максимална приватност, кога е во прашање нејзината венчавка со Хари. Ќе смогне ли сили да му прости на татка си, бидејќи си поигра на ваков начин со нејзините, но и туѓите чувства?

tazhnite-sliki-se-lazhni-kako-tatko-i-si-poigra-so-chuvstvata-na-megan-markl-10.jpg

До свадбата остануваат само неколку дена – па, допрва ќе видиме. Како вие го коментирате неговиот потег?

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарек... Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што ве...
Меган Маркл го прослави 42-иот роденден - Хари покрај неа, а таа блеска од среќа, по гласините за ра... Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кр...
Машин Ган Кели како Ума Турман, а Меган Фокс со крв на лицето - Ѕвездите со спектакуларни маски по п... Парис Хилтон ѝ даде поддршка на другарката Бритни Спирс, па се облече во костимо...
„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg