Познати фаци кои се неочекувано блиски: Кокс живеела со Ширан, Анистон се гледа со Бибер
- Детали
- четврток, 06 септември 2018
-->
Постојат ѕвезди за кои и врапчињата на гранка знаат дека меѓусебно се поврзани. Меѓутоа, има и славни личности што по ниту една основа не би ги споиле заедно. А, тие не само што се дружат, туку негуваат и навистина посебен однос.
Повеќето тандеми дефинитивно ќе ве изненадат. Ова се познатите фаци кои се неочекувано блиски:
-->
1. Оскаровката Мерил Стрип и раперот Фифти Сент се држеа за раце, уживајќи во публика на кошаркарски натпревар.
2. Селена Гомез и Џенифер Анистон ги поврзал заедничкиот менаџер, па си приготвиле пица на првата средба.
3. Џенифер Анистон во тајност се гледаше и со нејзиното поранешно момче Џастин Бибер. Младиот пејач ја „издаде“ со објавена фотка на Инстаграм во 2015 година.
4. Канје Вест е долгогодишен пријател и верен поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп. Чувствата се обострани.
-->
-->
5. Хари Стајлс има близок однос со целото семејство на манекенката Синди Крафорд. Дури одат заедно и на патувања.
-->
6. Џенифер Лоренс завршила гола во гардероберот на мама Крис Џенер. Младата и успешна глумица е голем фан на реалното шоу на семејството Кардашијан.
7. Кејтлин Џенер и Наоми Вотс излегуваат на вечери. Актерката меѓу првите јавно ја поддржа транзицијата на некогашниот Брус од маж во жена во 2015 година.
-->
8. Џенифер Лопез се зближи со Џена Деван по нејзиниот развод од Ченинг Татум.
9. Елтон Џон го одбрани Еминем кога раперот беше обвинет за хомофобија. Нивното пријателство датира од 2001 година.
10. Меган Маркл и Пријанка Чопра тврдат дека се засакале на прв поглед. Мисицата од Индија беше меѓу ретките славни гости на кралската венчавка.
11. Ед Ширан ги снимил своите хитови, живеејќи заедно со Кортни Кокс. Актерката го примила на имотот во Малибу во 2013 година, а наместо кирија, кантавторот ѝ се оддолжил со помош околу домаќинските работи.
12. Блејк Лајвли и Тејлор Свифт не ги скараа медиумските написи дека се во војна. Напротив. Ги демантираа со слатка фотка за време на престојот во Австралија.
13. И озогласениот Крис Браун најде потпора во Елтон Џон, откако заврши во полиција по претепувањето на Ријана.
14. Кошаркарот Денис Родман го нарече диктаторот Ким Џонг Ун пријател за цел живот. Повеќепати ја има посетено Северна Кореја како негов почесен гостин.
15. Канје Вест и Кристен Стјуарт лудо се забавуваа при ноќно излегување во Париз. Кој би рекол дека тие се добри пријатели, зар не?
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“
„Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото)
Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото)
Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото)
Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Ја уверил дека е кралица, па не смее да зборува со „обичните смртници“ - Бизарните правила што Канје...
„Бјанка за ништо повеќе не размислува сама и едноставно е потчинета на контровер...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт...
Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...