Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Деца на славните кои одбиваат да ги следат стапките на родителите

Не сите сакаат да бидат славни и во центарот на вниманието. Дел од децата на славните и популарните ѕвезди упорно одбиваат да се слеат во калапот на родителите.

Deca-na-slavnite-koi-odbivaat-da-gi-sledat-stapkite-na-roditelite-01.jpg

Други пак одбиваат да ја наследат нивната професија, или да работат напорно и вредно, но немаат никаков проблем со трпшење на парите од родителите.

Каков живот живеат децата на најпопуларните актерски и музички ѕвезди?

Бен Форд

Синот на Харисон Форд и Мери Марквард никогаш не посакувал да биде актерска ѕвезда. Неговата цел била да се појави во гастрономскиот „Црвен водич на Мишелин“.

Веднаш по полнолетството, Бен го отворил својот прв ресторан во Лос Анџелес и издал готвач со рецепти.

Сепак, тој признава дека немало да успее без помошта од својот татко. „Индијана Џонс“ понекогаш доаѓа во ресторанот и му помага на својот син во подготовката на бесплатни оброци за бездомни лица.

Deca-na-slavnite-koi-odbivaat-da-gi-sledat-stapkite-na-roditelite (1).jpg

Изабела Круз

Посвоената ќерка на Том Круз и Никол Кидман по разводот на нејзините родители ја напушти Америка и се преселила да живее во Лондон. По завршувањето на студиите на Академијата Vidal Sassoon, Изабела станала фризерка, но никогаш не го искористила името на своите славни родители со цел да напредува во работата.

Подоцна таа лансирала линија на маици со сопствен дизајн, а има планови да креира и своја модна колекција.

Deca-na-slavnite-koi-odbivaat-da-gi-sledat-stapkite-na-roditelite (5).jpg

Чез Боно

Чесити Боно е всушност ќерката на Сони и Шер. Во 2008 година, таа реши да се подложи на операција за промена на полот. Чез, како што се нарекува денес се испробал во музичките води, но наскоро сфатил дека ова не е кариерата за него, па станал адвокат.

Чез има издадено и книга со наслов Family Outing каде што ги раскажува неговите искуства како трансродово лице.

Денес тој ги брани правата на членовите на ЛГБТ заедницата, а се испробал и во актерските води. Во 2017 година се појавил во 7 сезона на ТВ серијата American Horror Story.

Deca-na-slavnite-koi-odbivaat-da-gi-sledat-stapkite-na-roditelite (3).jpg

Џејден Смит

Најстариот син на Вил и Џејда Пинкет Смит ги следеше стапките на својот татко.

Тој глумеше покрај Вил Смит во филмовите Pursuit of happiness и The Day the Earth Stood Still, но самостојно заработи неверојатни 5 милиони долари со улогата во Karate-boy.

Во 20-тите години тој заработи огромна сума на пари од продажбата на сопствениот бренд, а во 2017 година го издаде и својот соло-албум SYRE.

Deca-na-slavnite-koi-odbivaat-da-gi-sledat-stapkite-na-roditelite (6).jpg

Петра Еклстоун

Иако сега е само почесен претседавач и советник на одборот на директори,

Берни Еклстоун, беше на врвот на Формула 1 речиси 40 години. Неговата ќерка Петра важи за една од најразгалените во светот на славните и со парите од тато купи имот во Лос Анџелес во вредност од 85 милиони долари.

Таа креираше колекција на плик-чанти од питон и крокодилска кожа преку нејзиниот основан бренд Stark, но тешко е да се каже дека не зависи од парите на родителите, бидејќи не заработува ни одблиску колку што троши.

Deca-na-slavnite-koi-odbivaat-da-gi-sledat-stapkite-na-roditelite (4).jpg

Кендал Џенер

Апсолутно никој од семејството Кардашијан не продолжи по стапките на својот татко – поранешен олимпиец и атлетичар, кој пред неколку години направи промена на полот и ѝ е познат на јавноста како Кејтлин Џенер.

Кендал уште како мала учествуваше во реалното семејно шоу, а денес е една од најбараните и најпопуларните фото-модели. Таа е една од ретките од семејството кои најмногу донираат пари, особено за потребите на болните дечиња во Лос Анџелес.

Deca-na-slavnite-koi-odbivaat-da-gi-sledat-stapkite-na-roditelite (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg