Кралски правила кои Меган Маркл ќе мора да ги следи кога ќе остане бремена
Бидејќи поголем дел од луѓето сакаат да го следат „редот“ на работите, сите некако се во исчекување Меган да објави дека е бремена, неколку месеци по кралската свадба.
Кога тоа ќе се случи, мора да биде подготвена на неколку кралски правила:
Ќе мора јавно да ја објави бременоста многу брзо по потврдата од докторот.
Иако некои мајки сакаат да почекаат барем месец-два пред да ја објават среќната вест, за да бидат сигурни дека сè е во ред, Меган ќе мора да го направи тоа многу брзо по лекарската потврда дека е бремена.
Нема да смее да експериментира со гардеробата.
Целиот свет ќе треба да знае доколку има утрински мачнини и други пропратни симптоми.
Како што тоа го направи Кејт во третата бременост, во која патеше од постојано гадење.
Ќе мора да носи штикли и да ја жртвува удобноста за време на кралските настани.
Ќе мора да патува, доколку така ѝ налага кралската должност.
Иако многу жени го избегнуваат патувањето во третото тромесечје од бременоста, ако работата и кралската должност ѝ налага, Меган ќе мора да „стисне заби.“
Не смее да има забава за откривање на полот на бебето.
Не смее да има ниту baby shower забава.
Што и да се случува за време на бременоста, кралицата мора прва да дознае, пред информацијата да стигне до јавноста.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:


