Маската која сите нетрпеливо ја очекувавме: Хајди Клум и момчето како Фиона и Шрек за Halloween

Иако и другите славни имаат добри маски, секоја година за Halloween најочекуваната и најдобрата маска е на Хајди Клум.

maskata-koja-site-ja-ochekuvavme-hajdi-klum-i-momcheto-kako-fiona-i-shrek-za-halloween-01.jpg

Таа ја доби титулата „кралица на Halloween“ и секогаш ги надминува очекувањата со нејзините легендарни маски за кои подготовките почнуваат месеци претходно.

Овојпат, на нејзината забава во Њујорк, 45-годишниот супермодел се маскираше во принцезата Фиона, а нејзиното момче Том беше Шрек.

За разлика од многумина кои само ставија готови маски на нив, маските на Том и Хајди беа специјално правени за нив, со многу шминка и простетика, па токму затоа изгледаа премногу реално, бидејќи е обрнато внимание на секој детаљ – од уши, до огромни дланки и стапала.

Нејзините претходни маски секогаш биле одлични, а и оваа година не разочара и ги остави сите со подзинати усти со неверојатната маска.

Погледнете го процесот на подготовка на маската низ неколку Инстаграм видеа, а на крај погледнете го резултатот во галеријата.

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Како изгледаа Хајди и Том во улога на Фиона и Шрек:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Хајди Клум искрена за интимниот живот: „Бившиот беше многу стар, сегашниот сопруг може да издржи со ... „Јасно ви е дека немам некој одреден тип (на мажи). Сум била со ќелави, стари, м...
Хајди Клум со сопругот повторно со маска ремек-дело за „Halloween“, но ќерка ѝ ја засени со сексапил... На нејзината 22-ра забава за Ноќта на вештерките, Хајди Клум се појави маскирана...
Бившата на Канје Вест топлес на Кански – Дали ова е најневкусното издание на фестивалот досега? (фот... Џулија Фокс на Кан се појави во „фустан за пумпање млеко“. Горниот дел има корсе...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg