Хајди Клум (51) ужива на плажа топлес и со танга бикини – разменува страсни бакнежи со помладиот сопруг (фото)

Има родено 4 деца и на 51 година не се грижи за коментарите за голото тело – Хајди Клум ужива во лудата љубов со сопругот, разменуваат бакнежи на плажа додека таа е слободна, без шминка и со голи гради.

hajdi-klum-na-51-uzhiva-na-plazha-toples-i-so-tanga-bikini-strasni-baknezhi-so-pomladiot-soprug-foto01.jpg

Хајди Клум не се грижи за коментарите кои години наназад ги добива и ужива во својата слобода да прави што сака и како сака.

Таа е лудо вљубена во својот помлад сопруг Том Каулиц (34), никогаш не ги тргаат рацете еден од друг, разменуваат бакнежи во јавност и не ја кријат страста.

Викендов парот беше уловен на плажа на St. Bartz (Кариби) по повод годишнината од нивниот брак, а германскиот супермодел и секс-симбол остави малку на имагинацијата.

51-годишната Хајди беше во танга бикини и со голи гради, додека шеташе по плажа со сопругот, но и разменуваа страсти во вода.

Што се однесува до нејзиното разголување, за кое добива критики дека не е во ред бидејќи има деца кои ја гледаат, таа во интервју за People во 2023 има изјавено:

„Сосема ми е удобно да сум гола. До степен што некогаш децата ми велат „Мамо, ќе ми дојдат другари“, а јас враќам „Добро де, зарем никогаш не сум била гола во двор кога дошле некои пријатели?“.

Но, штом некој доаѓа, го ставам на мене горниот дел. А кога нема никој, се сончам топлес. Не сакам да имам линии од сончање бидејќи носам многу различни аутфити и не сакам да ми се познава. Стратешки е тоа“.

Погледнете повеќе фотки од Хајди и Том на плажа во St. Bartz:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава