Чудни историски подароци наменети за бебињата во кралските семејства

Во денешно време, откако ќе се роди кралското бебе, добива подароци како што добиваат и другите деца низ светот, но за разлика од нив, тоа е пред очите на јавноста и е медиумска тема.

chudni-istoriski-podaroci-nameneti-za-bebinjata-vo-kralskite-semejstva-01.jpg

Дарувањето на кралските бебиња е историска традиција која трае со векови, но критериумите за тоа што е добар подарок значајно се промениле.

Во минатото, дарувањето било свечен чин, а малите принцови и принцези добивале скапоцени и полускапоцени камења, во големи количини и се „капеле“ во пари.

Прочитајте ги овие историски традиции за подарување, некои дури и ќе ги препознаете:

Сребрени лажички со гравура или мини-статуа од апостолите

Ваквите сребрени лажички биле чест подарок од кумовите за крштевањето на европските кралски бебиња. Во времето на Тјудорската династија ова бил навистина популарен подарок.

Подарокот доаѓал во сет од 13 лажички, 12 за апостолите и една со Исус. Зошто? Никој не знае.

Огромни количини од скапоцени и полускапоцени камења

Овој подарок не е наменет директно за бебето, но повторно е поврзан со крштевањето.

Злато, сребро, вредни и драги камења и метали, се оставале во ковчези, од кои понатаму се изработувал кралски накит.

Гостите се натпреварувале кој ќе донесе повеќе, бидејќи главното мото за ова дарување било „што повеќе, тоа подобро“.

chudni-istoriski-podaroci-nameneti-za-bebinjata-vo-kralskite-semejstva-02.jpg

Опсипување со пари, против лошите сили

За време на династијата Танг во Кина, кога ќе се роди кралски наследник, таткото владетел и гостите кои имаат желба за тоа, го ставале бебето на пиедестал и го дарувале со пари, оставајќи ги до него, врз него, под него...

Ве потсетува ова на една слична традиција, поблиска до нас?

Животинчиња новороденчиња

Оваа традиција е застапена во Австралија и Нов Зеланд. На пример, малиот принц Џорџ доби бебе билби (глодар со уши како на зајак) и штотуку роден крокодил.

Овие животни најчесто се чуваат во зоолошки градини или резервати, освен доколку не се работи за миленик кој со кралска согласност може да биде донесен во дворецот, кој е дом на малиот наследник.

chudni-istoriski-podaroci-nameneti-za-bebinjata-vo-kralskite-semejstva-03.jpg

Прекривки, облека и симболи

Кога се родил принцот Џорџ во 2014 година, папата Францис на кралицата Елизабета ѝ подарил сфера од минералот лапис и сребрен крст.

Постои долга традиција во која католичкиот папа го дарува кралското бебе. Некогаш бебињата добивале осветена облека за крштевате, а некогаш рачно изработени прекривки за повивање.

Корални ѓерданчиња против уроци

Коралните ѓерданчиња или корален приврзок на сребрено синџирче имале намена за масирање на непцата на бебето при израснувањето на првите заби.

Но, во исто време, комбинацијата на корал и сребро служела за заштита од вештерки и мрачни сили, а се верувало и дека го штити здравјето на бебето.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
„Моето ангелче е здраво, само има голем мозок“ – Парис Хилтон гневна за грдите коментари за изгледот... „Секако дека го однесов на лекар бебето. Тешко ми е да прифатам дека има луѓе во...
Му беше девојка на Дражен Петровиќ, го одведе во смрт пред 30 години – Која е Клара Саланци, жената ... На денот на страшната несреќа пред 30 години, Клара Саланци го зела Дражен Петро...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg