Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто Меган Маркл ќе почне да носи кратки фустани, исто како и Кејт Мидлтон во бременоста?

Меган Маркл на првиот ден од турнејата во Австралија ја објави нејзината бременост и во наредните денови таа покажа неверојатен стил.

zoshto-megan-markl-kje-pochne-da-nosi-kratki-fustani-isto-kako-i-kejt-midlton-vo-bremenosta-01.jpg

Иако неколкупати се појави во фустани над колена и во проѕирно здолниште, сепак таа се држеше до конзервативниот изглед, со затворени фустани под колена, или панталони.

zoshto-megan-markl-kje-pochne-da-nosi-kratki-fustani-isto-kako-i-kejt-midlton-vo-bremenosta-02.jpeg

Но, што се случува со кратките фустани и зошто се очекува да продолжи да носи мини фустани иако тоа не е карактеристично за кралското семејство?

Всушност, тоа е плански, а таа го следи примерот на Кејт Мидлтон, која исто така во бременоста носеше кратки фустани над колена.

zoshto-megan-markl-kje-pochne-da-nosi-kratki-fustani-isto-kako-i-kejt-midlton-vo-bremenosta-03.jpg

Жената која стои зад омилениот бренд за трудници на Кејт, открива дека причината заради која тие носат кратки фустани кога стомачето ќе порасне е за да ги нагласат нозете и визуелно да си ја истенчат силуетата, бидејќи секогаш треба да изгледаат совршено.

Кејт во бременоста неколкупати се одлучила за краток фустан иако тоа не е типично за неа, но во ладните денови комбинирано со црни хулахопки тоа не изгледа воопшто вулгарно, а со оглед на тоа што Меган ќе има зимска бременост, и од неа се очекува да го искористи истиот трик.

zoshto-megan-markl-kje-pochne-da-nosi-kratki-fustani-isto-kako-i-kejt-midlton-vo-bremenosta-04.jpg

Засега нејзиното стомаче е уште мало и не многу забележливо, па таа уште се држи до класичниот изглед.

Во галеријата погледнете некои од нејзините стајлинзи во бременоста:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg