Наоми Кемпбел, Хари и Вилијам откриваат детали за принцот Чарлс пред неговиот 70-ти роденден


Наоми Кемпбел, Хари и Вилијам откриваат детали за принцот Чарлс пред неговиот 70-ти роденден

„Не му е проблем да лази по подот со внуците со часови“, вели Вилијам. „Има млад дух“, вели Наоми Кемпбел.

naomi-kembel-hari-i-vilijam-otkrivaat-detali-za-princot-charls-pred-negoviot-70-ti-rodenden-01.jpg

Принцот Чарлс на 14-ти ноември ќе го прослави својот 70-ти роденден и по тој повод беше снимен документарен филм за наследникот на британскиот трон.

naomi-kembel-hari-i-vilijam-otkrivaat-detali-za-princot-charls-pred-negoviot-70-ti-rodenden-02.jpg

Интересно е што „среќен роденден“ предвреме му посака и Наоми Кембел на нивната средба во Нигерија. 48-годишниот супермоделот му кажа на Чарлс дека најважно е што духот му е сè уште млад и дека одлично се држи. Инаку, тие двајцата соработуваат со години на поле хуманитарна работа.

„Тој ми е прекрасен пример“, додаде Наоми која носеше црн Ralph & Russo фустан со пердуви на средбата со принцот.

naomi-kembel-hari-i-vilijam-otkrivaat-detali-za-princot-charls-pred-negoviot-70-ti-rodenden-04.jpg

Во документарниот филм за Чарлс неговиот син Вилијам вели дека посакува неговиот татко да престане да биде толкав воркохолик и да почне да минува повеќе време со внучињата затоа што е брилијантен во улогата на дедо. Не му било проблем со часови да лази по подот и да испушта чудни звуци за да ги насмее своите внучиња.

„Од друга страна, толку е преокупиран со работата што некогаш му се случува да заспие врз документите“, откриваат неговите синови. Вилијам вели дека Чарлс на 70 години е најфит човекот што го познава, но мора да внимава на себе за да биде фит и на 95.

naomi-kembel-hari-i-vilijam-otkrivaat-detali-za-princot-charls-pred-negoviot-70-ti-rodenden-03.jpg

Велат дека тој како никогаш да не запира. Има неверојатна работна етика и така било уште кога Чарлс и Вилијам биле мали и едвај успевале да си посакаат „добра ноќ’ со него. Вечера навистина доцна затоа што постојано работи, открија тие.

Како медиумите го претставуваат принцот Чарлс, а каков е тој во реалноста?

Фотки од принцот Чарлс:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Хари и Меган Маркл ќе се селат во нов дом, на страна од Вилијам ... Тие не сакаат детето да си го растат во златен кафез, плус изгледа односите поме...
Како принцот Чарлс ѝ го скрши срцето на Дијана веднаш по раѓањето на Х... Неговиот наводно шеговит коментар бил почетокот на крајот на нивниот брак... ...
Што му забрани Меган Маркл на принцот Хари? Таа едноставно му покажа дека постои друг начин на живот и тој се вљуби во тоа. ...