Зошто 49-годишниот крал на Малезија, кој се ожени со 25-годишната руска мисица, не е сакан во својата земја? (фото)

Фотки од свадбата се проширија низ целиот свет, но зошто малезиските телевизии не известуваа ништо за тоа?

zoshto-49-godishniot-kral-na-malezija-koj-se-ozeni-so-25-godishnata-ruska-misica-ne-e-sakan-vo-svojata-zemja-foto-01.jpg

На 22 ноември се случи една навистина чудна свадба. 25-годишната Русинка Оксана Воеводина стапи во брак со 49-годишниот крал на Малезија, Мухамед V.

Свадбата се случила во престижната „Barvikha Concert Hall“ во Москва.

Поради тоа што кралот е следбеник на Исламот, а од пред 6 месеци и Оксана ја сменила верата, на прославата немало алкохолни пијалаци, а се служела „халал“ храна (храна дозволена според исламските закони).

Таа го земала исламското име Рихана Оксана Горбатенко и е фотографирана како носи хиџаб. Инаку, прогласена е за Мис на Москва во 2015 година.

Невестата носела раскошна бела венчаница, а кралот традиционален малезиски костим.

Но, Оксана по свадбата нема да може да ја носи титулата кралица на Малезија, затоа таа може да ја добијат само нативни Малезијци.

Свадбата не беше многу бурно проследена од малезиските медиуми затоа што Мухамед V не е многу омилен меѓу граѓаните и често е обвинуван за претерано трошење. Всушност, Малезија ја води владата и премиерот, но и животот на кралот дефинитивно не може да се нарече скромен.

Фотки од нив:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Деми Мур е бикини кралица во Грција на 60 години - рамен стомак, само малку целулит и лице без шминк... Деми Мур е доказ дека жените се секси во секоја деценија од животот, изгледа фит...
Со првиот сопруг се омажила на 16 години, мајка ѝ го поништила бракот – Бурното љубовно минато на Ми... Гневна затоа што мајка ѝ не ја третирала како возрасна личност, Мила се омажила ...
Бившата на Канје Вест топлес на Кански – Дали ова е најневкусното издание на фестивалот досега? (фот... Џулија Фокс на Кан се појави во „фустан за пумпање млеко“. Горниот дел има корсе...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
„Се плаши дека нема да ја дочекам нејзината свадба“ – Мајкл Даглас за ќерката Карис, која блесна во... „Ќерка ми ми вели дека се плаши дека нема да бидам тука кога ќе се омажи, а мене...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg