Која е 23-годишната девојка што се појави по гаќи и чуден градник на MTV VMA 2024?

На синоќешното одржување на MTV VMA наградите, покрај многуте добри и лоши стајлинзи во кои се појавија познатите, имаше една девојка која посебно се издвојуваше.

koja-e-23-godishnata-devojka-shto-se-pojavi-po-gakji-i-skulpturiran-gradnik-na-mtv-vma-2024-001_copy.jpg

На црвениот тепих, една девојка се појави во бели гаќи и необичен, скулптуриран градник, дополнето со волуменозен тул. Да, само толку.

koja-e-23-godishnata-devojka-shto-se-pojavi-po-gakji-i-skulpturiran-gradnik-na-mtv-vma-2024-02.jpg

Малку потсетува на Мадона, малку на Мерилин Монро, но дефинитивно е единствена која може да се појави во ваков стајлинг и да издоминира кај модните критичари.

koja-e-23-godishnata-devojka-shto-se-pojavi-po-gakji-i-skulpturiran-gradnik-na-mtv-vma-2024-03.jpg

Станува збор за Адисон Реј, 23-годишна тиктокерка, која е мултиталентирана.  

koja-e-23-godishnata-devojka-shto-se-pojavi-po-gakji-i-skulpturiran-gradnik-na-mtv-vma-2024-05.jpg

Но, која е всушност оваа девојка и зошто е популарна?

Адисон Реј е американска инфлуенсерка, пејачка и актерка, родена во Луизијана.

Нејзината слава ја стекнала на ТикТок, каде веќе има повеќе од 80 милиони следбеници и се смета за 5-та највлијателна личност на платформата.

Уште од најмала возраст е вљубеничка во танцувањето и учествувала на натпревари, а токму со видеа од танцување ја почнала својата „ТикТок кариера“ во 2019.

https://www.tiktok.com/@addisonre/video/6897747684598287622?lang=en

Кога одеднаш станала популарна, животот ѝ се сменил преку ноќ и добила повеќе понуди од брендови за соработка во Лос Анџелес, па го напуштила универзитетот и се преселила таму.

Таа очигледно има повеќе таленти, па добила неколку улоги во филмови, меѓу кои и еден на Нетфликс, се има пробано и како пејачка со неколку свои песни, а има и своја линија на парфеми и козметички производи.

Благодарение на големиот број следбеници на ТикТок, соработките кои ги остварува со бизнисите и објавите на социјалните мрежи кои скапо ги наплаќа, како и козметичката линија, музичката и актерската кариера (каква-таква), оваа 23-годишна девојка во 2023-та тежела околу 15 милиони долари.

Светските медиуми за неа велат дека од себе изградила одличен бренд и стратешки се искачила по скалата на успехот.

На ТикТок, за своите танцувачки видеа, секогаш паметно ги бирала песните кои се трендовски, што ѝ помогнало да биде видена и пронајдена.

Нејзината содржина е забавна и никогаш пренападна, таа е харизматична, а својата империја ја градела со напорна работа во изминатите 5 години.  

Интересно е што таа е пријателка со Кортни Кардашија, со која се зближила откако снимила неколку ТикТок видеа со синот на ријалити ѕвездата. 

koja-e-23-godishnata-devojka-shto-se-pojavi-po-gakji-i-skulpturiran-gradnik-na-mtv-vma-2024-.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наоми Кемпбел (55) не старее - згодна во бикини, со тело како на 20-годишна девојка Доказ дека една од најпопуларните манекенки на сите времиња навистина изгледа од...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќ... „Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен та...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Што се случи со Ештон Кучер и Британи Марфи – неговата втора поранешна девојка која почина? Пред да ја почне врската со Британи Марфи, Ештон Кучер сведочеше на судење за уб...

Најчитани неделава