Што се случи со Ештон Кучер и Британи Марфи – неговата втора поранешна девојка која почина?
- Детали
- сабота, 16 мај 2026
Пред да ја почне врската со Британи Марфи, Ештон Кучер сведочеше на судење за убиството на негова поранешна девојка. Британи, пак, почина под мистериозни околности во 2009 година, долго откако се раздели од Ештон.

Веќе десет години, Ештон Кучер е во среќен брак со Мила Кунис.
Иако изминативе неколку години можеби малку си ја уништија репутацијата, нивниот брак сепак важи за стабилен и заедно ги надминуваат тешките моменти.
Претходно, Ештон беше во брак и со Деми Мур – врска која заврши навистина неславно.
Но, знаете ли дека Ештон има две поранешни девојки кои денес се мртви?
Едната беше убиена од сериски убиец, а другата е познатата актерка Британи Марфи чија смрт до денес е обвиена со мистерија.
Што знаеме за врската на Ештон Кучер и Британи Марфи?
Во раните 2000-ти, Ештон Кучер веќе беше ѕвезда благодарение на серијата That ’70s Show и комедиите како Dude, Where’s My Car?.
Истото важеше и за Британи Марфи која успее да се прослави со Clueless, а подоцна и филмот 8 Mile.
Кон крајот на 2022 година, Ештон и Британи ги добија главните улоги во популарната комедија Just Married.
Штом заврши снимањето, тие тргнаа на прес турнеја и не се воздржуваа од комплименти еден за друг.
„Прекрасна е. Секој ден прави да се смеам. Ќе направам што било со неа, кој било филм“, гласи една од многуте пофалби на Ештон за Британи.
Слични изјави даваше и Британи, па почна да се шпекулира дека меѓу актерите сепак има нешто повеќе.
По премиерата на Just Married, Ештон и Британи првпат беа фотографирани како шетаат фатени за рака, но и како се бакнуваат.
Во интервју од 2003 година, мајката на Ештон Кучер дополнително ги разгоре шпекулациите дека се пар.
„Кога го гледав филмот се прашував дали воопшто глумеле. Исто се однесуваат и дома…
Секогаш се држат за рака се смеат, се однесуваат како да се вљубени“.
Сепак, Ештон и Британи не потврдуваа дека се пар, а актерот изјави и дека не бил сигурен што се случува меѓу нив.
