Поради сопругот губеше улоги, двајцата починаа во мистериозни околности: Чудни детали од животот на Британи Марфи
- Детали
- сабота, 13 декември 2025
Британи Марфи почина на 32-годишна возраст, а нејзината смрт до денес претставува мистерија. Само пет месеци подоцна, во исти околности почина и нејзиниот сопруг, па се шпекулираше сешто, дури и дека куќата им била опседната.

Британи Марфи ја почна актерската во 1990-тите и се прослави релативно брзо.
По улогата во филмот Clueless, беше нарекувана една од најталентираните млади актерки во Холивуд и почна да добива улоги и во други култни филови како Girl, Interrupted и Uptown Girl.
Но, до средината на 2000-тите, се зборуваше дека Британи имала проблеми со дрога и нарушување во исхраната, за во 2009 година ненадејно да почине.
Смртта на актерката до денес е инспирација за теории на заговор, но во нејзиниот живот имало и низа други контроверзии и трагедии.
Чудни детали од животот на Британи Марфи:
Татко ѝ беше во затвор, а мајка ѝ имаше рак
Таткото на Британи добил 12-годишна затворска казна за дрога, па Британи го поминала детството со нејзината мајка.
Со неа се преселила од Њу Џерси во Лос Анџелес со надеж дека ќе се пробие во Холивуд.
Но, кратко откако ја доби улогата во Clueless, мајка ѝ била дијагностицирана со рак на дојка.
Па, уште на почетокот од кариерата, Британи морала да направи пауза за да се грижи за мајка си.
За среќа, мајка ѝ се избори со болеста.
Ја обвинуваа дека е тешка за соработка
На почетокот, Британи Марфи беше опишувана како совршена девојка, но до средината на 2000-тите, американските медиуми како да се свртија против неа.
Во низа магазини беа споделувани изјави од извори според кои таа на сетот се однесува како разгалена дива, како и дека покажува непочитување кон сите околу неа.
На една прес конференција, наместо да разговара со новинарите, таа легнала на подот и си го покрила лицето со шамивче.
Тогаш нејзиниот портпарол само изјави дека Британи е забавна личност која сака да се шегува и дека никогаш не сакала да навреди некој.
Наводно имала нарушување во исхраната
Покрај проблематичното однесување, се шпекулираше дека Британи има и нарушување во исхраната.
Актерката драстично ослабе кога се прослави, па одовде произлегоа и гласините.
Сепак, Британи негираше, па не е познато дали навистина се соочувала со овој проблем.
Извесен период се зборуваше дека користела и дрога, но ни овие гласини не се потврдени.
Сопругот пробувал да ја изолира од сите
Британи Марфи беше во врска со Ештон Кучер, а потоа се свршуваше и раскинуваше со неколку партнери.
Но, се венча со Сајмон Монџак само неколку месеци откако ја почнаа врската.
Наводно, нејзините блиски биле загрижени бидејќи Сајмон бил „компулсивен лажго“, па и „социопат“.
Извори блиски до актерката изјавуваа дека еднаш лажел и дека имал рак на мозокот.
Загриженоста на пријателите и семејството само се зголемила откако Сајмон почнал да ја оддалечува Британи од нив.
И, по некое време, тие не можеле ни да ја препознаат.
