Што се случи со Ештон Кучер и Британи Марфи – неговата втора поранешна девојка која почина?
„Десет месеци откако завршивме со филмот, почнавме да снимаме други филмови, а почнавме да се дружиме во Лос Анџелес сосема случајно.
Искрено, не ни знам дали навистина сме во врска, но сакаме да минуваме многу време заедно“, изјави Ештон Кучер додека беа заедно.
Врската на Ештон и Британи сепак е обвиена со мистерија бидејќи кратко по изјавата на актерот, тие се разделија.
Не кажаа ништо во јавност, но Ештон почна да излегува со Деми Мур – врска која сама по себе беше контроверзна бидејќи актерката е 15 години постара од него.
До денес никој не знае што точно се случило меѓу Ештон и Британи, но веројатно останале во добар однос.
По мистериозната смрт на актерката во 2009 година, Ештон даде интервју во кое откри дека само неколку месеци претходно разговарал со неа.
Работел на нова серија и сакал да ѝ даде улога, но соработката никогаш не се реализирала.
Во интервјуто, тој кажуваше само убави работи за неа:
„Таа беше личност која кога ќе влезеше во просторија, прва почнуваше да танцува.
Само пробувам да се поврзам со тоа и да ја славам личноста којашто беше, без да пробувам да ја сфатам целава ситуација, бидејќи нема како да ја сфатам“.
Иако Ештон и Британи беа разделени со години кога се случи трагедијата, теориите на заговор не изостанаа.
Бидејќи претходно Ештон сведочеше за убиството на негова поранешната девојка, некои одеа до крајност и велеа дека тој имал удел во мистериозната смрт на актерката.
Гласините повторно се разгореа за време на судењето на Пи Диди, бидејќи Ештон Кучер беше близок со него.
Актерот беше близок и со колегата Дени Мастерсон кој е во затвор за силување.
Па, кога ќе се соберат сите „мрачни“ конекции што ги имал во животот, јасно е зошто некои ја поврзуваат и смртта на Британи со него.
Но, иако Британи почина во мистериозни околности, нема апсолутно никаков доказ дека Ештон Кучер бил некако вмешан во целата приказна.
Спирова С. | Црнобело
