8 пати кога Кардашијан-Џенер си „краделе“ облека една од друга и копирале изглед (фото)
- Детали
- вторник, 18 декември 2018
Оние кои имаат сестра, знаат како е постојано да си менуваат, позајмуваат, а понекогаш и крадат облека, па дури истото некогаш се случува и помеѓу мајка и ќерка.
На оваа навика не се имуни ниту славните личности, кои можат да имаат што ќе посакаат, но сепак некогаш одлучуваат да го ископираат изгледот на мајката/ќерката/сестрата.
Можеби не сте забележале, но девојките од Кардашијан-Џенер семејството често го прават тоа и се појавуваат во ист аутфит, со мала промена во стајлингот.
Па така, мама Крис често знае да облече некое парче облека од богатиот гардеробер на ќерките, а и сестрите често си менувале облека и копирале меѓусебни стајлинзи низ годините.
Ким во позајмено здолниште од Кајли
Клое го ископирала изгледот на Ким со мали промени
Кајли направила мали промени во позајмениот аутфит од Ким
Кајли често позајмувала парчиња облека од Ким
Ким не можела да одолее, па го украла изгледот од Клое
Кога мајката сака да изгледа гламурозно како ќерката
И повторно...
Ким очигледно ѝ е моден идол на Крис
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





