Зошто недостигаат членови од семејството на новата божиќна честитка на Кардашијан?

Од Канје Вест до Крис и Кендал Џенер, кој не се сликаше годинава традиционално во празнична атмосфера и зошто?

zoshto-nedostigaat-chlenovi-od-semejstvoto-na-novata-bozhikjna-chestitka-na-kardashijan-01.jpg

Кардашијан – Џенер семејството традиционално направи божиќна честитка, иако велеа дека годинава нема да го сторат тоа поради нивните набиени распореди.

Но, интересно е што годинава на честитката недостигаат Кендал Џенер, Крис Џенер и Роб Кардашијан, чија мала ќеркичка ја има на фотографијата, но не и него.

Кајли минатата година не се појави на честитката, но отпосле беше откриено дека тоа е зошто била бремена во тој период и криеше.

Ким откри дека сепак не станува збор за нешто намерно, туку едноставно ова бил денот кога сите со децата од семејството биле присутни и направиле честитка во последен миг.

За Роб не даде објаснување затоа што тој и онака не се појавуваше на картичките во текот на годините, но за Кендал и Крис Џенер откри дека биле на неодложен состанок.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Сликањето за честитката било организирано во последен миг и сопругот на Ким, Канје Вест, не бил во градот, па затоа го нема него и другите партнери на сестрите.

И покрај ова, Крис изјави дека честитката за 2018 година ѝ е најубава досега затоа што сè се врти околу децата и сите нејзини прекрасни внучиња, што ѝ носат радост, се на неа.

На честитката сите се облечени во бело, а прва ја сподели Клое на Инстаграм:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како цртана е, ја нарекуваат копија на неговата бивша: Која е новата 27-годишна девојка на Винсент К... Актерот Винсент Касел е повторно заљубен. Сега е во врска со 27-годишна манекенк...
Ја запознал на забава во џакузи, 12 години е помлада од него – Со каква девојка Џо Манганиело ја зам... Наводно парот се запознал на забава со џакузи, а откако случајно се нашле еден д...
Жизел Бундшен за паничните напади: „Се откажав од семејството и живеев на брза храна – откако го про... „Најлошата работа за паничните напади е интензивниот страв дека ќе имате уште ед...
Бебето на Кортни Кардашијан ќе смеат да го видат само оние што добиле покана – Ким сѐ уште не е пока... „Имам среќен живот и најсреќна сум кога ќе се оддалечам од вас“ – им порача Корт...
„Блиску до рајот“ – Роналдо со семејството на одмор на приватен остров во Саудиска Арабија „Ги полнам батериите“ – напиша Кристијано Роналдо на една од фотките на кои се г...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg