Славни личности кои отворено признаваат дека не се во контакт со блиски членови од семејството

Во детството, Меган Маркл била блиска со нејзиниот татко, но работите се сменија откако таа се сврши со принцот Хари...

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-priznavaat-deka-ne-se-vo-kontakt-so-bliski-chlenovi-od-semejstvoto-01.jpg

Речиси сите најчесто на прво место ја ставаме фамилијата и сè би направиле за своите најблиски, а прекинувањето контакт и отуѓувањето од семејството е болен и тежок избор.

Но, понекогаш, се чини, дека некои личности мора да го направат и тоа, од многу различни причини.

Некои од славните личности отворено прозбореа на оваа тема, а еве ги нивните изјави:

Кијану Ривс

Кога Кијану Ривс имал само три години, неговиот татко го напуштил своето семејство.

„Мислам дека тоа е трауматично.

Но, тешко е да се знае како тоа влијаеше на мене, бидејќи не знам каков би ми бил животот да останеше тој со нас“ - изјавил тој.

Кијану исто така објаснил дека татко му навистина му е обратил еднаш, но безуспешно.

„Да, во средината на 90-тите, но не се вратив назад“.

Татко му починал во 2018 година, на 76 години.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-priznavaat-deka-ne-se-vo-kontakt-so-bliski-chlenovi-od-semejstvoto-02.jpg

Џенифер Анистон

Актерката не разговарала со својата мајка.

„Таа беше модел, беше прекрасна, неверојатна. Јас не бев. Никогаш не бев.

Искрено сè уште не мислам така. Таа, исто така, не простуваше лесно“ - изјавила Анистон.

Актерката го подобрила односот со мајка си пред таа да почине во 2016 година, но врската им била доста комплицирана.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-priznavaat-deka-ne-se-vo-kontakt-so-bliski-chlenovi-od-semejstvoto-03.jpg

Меган Маркл

Меган Маркл и нејзиниот татко, биле блиски во деновите од нејзиното детство.

Кога ја спремала свадбата со принцот Хари, татко ѝ планирал да дојде во Лондон на церемонијата.

Меѓутоа, пред да се качи во авионот, почнал да споделува лични информации за Меган, а потоа решил да го продаде и рачно напишаното писмо што таа му го напишала, во кое го моли да престане да зборува со новинарите за неа.

Поради проблеми со срцето, татко ѝ ја пропуштил нејзината венчавка и оттогаш жестоко зборува за Меган, осудувајќи ја поради тоа што го исклучила од нејзиниот живот, па постојано коментира за сè.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-priznavaat-deka-ne-se-vo-kontakt-so-bliski-chlenovi-od-semejstvoto-04.jpg

Деми Ловато

Во песната Father од Деми Ловато, таа се отвора за нејзините чувства кон отуѓениот татко Патрик, кој во 2013 година починал од рак.

„Беше злобен, но сакаше да биде добар човек и сакаше да има свое семејство, а кога мајка ми се омажи за мојот очув, тој рече: ’Многу ми е мило што тој се грижи за тебе и ги прави оние работи што би сакал да ги правев јас‘,“ споделува Ловато.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-priznavaat-deka-ne-se-vo-kontakt-so-bliski-chlenovi-od-semejstvoto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...

Најчитани неделава