Која е и што прави девојката која со продавање вода стана ѕвезда на Златните Глобуси 2019?

Фиџи девојката, како што веројатно сите ја запознавте изминативе 24 часа, ги освои симпатиите на светот со тоа што им упаѓаше на фотките на славните на Златните Глобуси 2019. Но, девојката и не е така непозната и нова во светот на шоу-бизнисот.

koja-e-i-sto-pravi-devojkata-koja-so-prodavanje-voda-stana-dzvezda-na-zlatnite-globusi-2019-001.jpg

Келет Кутберт стана ѕвезда од продавање на Фиџи вода во позадина, но досега се има пробано и како модел.

Пред да добие ангажман на Златните Глобуси, Келет има позирано во разголени изданија, по бикини и долна облека, но и работи со брендови за Инстаграм кампањи за маски за лице, витамини и здрава исхрана.

Во брак е со фотографот Кристофер Вон Стеинбах, кој заработува фотографирајќи речиси голи девојки, а неговите фотки досега неколкупати се објавени во Playboy.

Нејзиниот број на Инстаграм фанови се зголеми за една третина откако се појави на Златните Глобуси, а како што тврди, за појавувањето сама се шминкала и си ја правела фризурата.

„Мислев дека нема потреба премногу да се трудам. Сметав дека никој нема да ме забележи мене.“

Потсетете се на сите упади на фотките на славните, пред да погледнете како изгледа Келет на Инстаграм:

https://www.instagram.com/p/BryEdv5ne4O/

https://www.instagram.com/p/BnuAUVnhNUc/

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не ѝ дозволува да пали светло, ja тера да носи темни бои: Бизарниот однос на Ал Пачино (83) и девојк... „Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гл...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Кајли Џенер се бакнува со Тимоти Шаламе на концерт – таинствениот пар ја потврди врската по 4 месеци... Првите гласини за врската на Кајли Џенер и актерот Тимоти Шаламе се појавија ушт...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Бившата на Канје Вест топлес на Кански – Дали ова е најневкусното издание на фестивалот досега? (фот... Џулија Фокс на Кан се појави во „фустан за пумпање млеко“. Горниот дел има корсе...
Салма Хајек (56) е горда на брчките и седите влакна: „Тие се знак на мудрост“ (фото) Досега Салма Хајек има споделено многу фотки на кои гордо ги покажува брчките и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg