Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Мојата сопруга е супер“ - Роџер Федерер со приватен џет во Мелбурн со семејството (фото)

Облечена лежерно, без шминка и со косата во опавче Мирка Федерер уште еднаш покажа дека не се оптоварува со тоа што ќе кажат другите.

mojata-sopruga-e-super-rodjer-federer-so-privaten-djet-vo-melburn-so-semejstvoto-foto-01.jpg

Роџер Федерер беше фотографиран како пристигнува со приватен авион со своето семејство во Мелбурн, каде се натпреварува во Хопман купот.

37-годишниот тениски шампион во Австралија беше со 4-те деца и неговата сопруга, лежерно облечена во тренерки со точки и ѕвезди. Мирка уште еднаш  со овој сладок стајлинг покажа дека најважна ѝ е природноста и комфорот, а не мислењето на другите. На лицето немаше шминка, а косата ѝ беше прибрана во опавче.

Инаку во едно неодамнешно интервју Федерер изјави дека поддршката од семејството е клучна за него и неговите успеси.

„Луѓето сакаат да зборуваат што правам и како го правам тоа, но без тимот за поддршка и без моето семејство, како и без тренерите тоа не би било возможно. Има потреба од голема организација, подготовки и планирање на сè.

Мирка е одлична. Навистина уживаме заедно на патувањата. Минатата година многу време минавме во движење и иако беше една од најинтересните години кои некогаш сум ги имал на моите најблиски им кажав дека ќе забавам малку. Секогаш семејството ќе биде на прво место, а потоа тенисот. Но, можам да правам комбинации сè додека децата и Мирка се среќни.“, изјави тенисерот кој 9 години е во брак со Мирка и имаат 9-годишни близначки и 4-годишни близнаци.

Прочитајте и Била тенисерка, имаат 4 деца, ја исмеваат за стилот: Мирка е двигателот на Роџер Федерер.

Федерер со семејството:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Џон Траволта емотивен за роденденот на синот, кој почина на 16 години по епилептичен напад: „Ќе те с... Денес би бил 33-иот роденден на Џет – синот на Џон Траволта и Кели Престон кој п...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Живот живеат: Џорџ и Амал Клуни уживаат во Сен Тропе, фатени за рака и лудо вљубени (фото) Амал блеска покрај саканиот Џорџ, а тој не ја испушта од рака и гордо шета со не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg