Каде бегаат Меган и Хари кога сакаат мир + дали нејзиниот полу брат ќе ја кани на свадба

Уникатниот рурален изолиран имот кралскиот пар го користи за романтични викенд бегства.

kade-begaat-megan-i-hari-koga-sakaat-mir-dali-nejziniot-brat-kje-ja-kani-na-svadba-01.jpg

Принцот Хари и Меган Маркл обожаваат да ја посетуваат куќата во фармерски стил од 2.8 милиони евра во рурален дел на 90 километри од Лондон.

kade-begaat-megan-i-hari-koga-sakaat-mir-dali-nejziniot-brat-kje-ja-kani-na-svadba-02.jpg

Таму тие ги пречекуваат своите гости меѓу кои и оние од А-листата како Џорџ и Амал Клуни и Серена Вилијамс. Овој имот го има посетено и мајката на Меган, Дориа.

Куќата има 4 спални соби и датира од 18-тиот век. Има и мала гостинска куќичка со 2 спални соби.

kade-begaat-megan-i-hari-koga-sakaat-mir-dali-nejziniot-brat-kje-ja-kani-na-svadba-06.jpg

Една од спалните соби е претворена во гардеробер за Меган, а собите имаат прозорци од подот до таванот, од каде се гледаат неверојатните пејзажи на селото Oxfordshire. Имотот има огромно земјиште и нуди огромна приватност.

kade-begaat-megan-i-hari-koga-sakaat-mir-dali-nejziniot-brat-kje-ja-kani-na-svadba-08.jpeg

Меган и Хари го обожаваат затоа што тука може да се изолираат и да се забавуваат со своите пријатели на мир. Тие почнале да го изнајмуваат имотот на почетокот од 2018-та година, уште пред свадбата и наводно имаат направено договор на 2 години.

kade-begaat-megan-i-hari-koga-sakaat-mir-dali-nejziniot-brat-kje-ja-kani-na-svadba-04.jpg

Инаку, полу братот на Меган, Томас Маркл Џуниор, ја запроси својата девојка Дарлин, со која беше две години во врска, и за претстојната свадба планира да ги покани Хари и Меган. Тој се надева дека свадбата ќе ги зближи како семејство.

kade-begaat-megan-i-hari-koga-sakaat-mir-dali-nejziniot-brat-kje-ja-kani-na-svadba-10.jpg

Врската на Меган и Томас Маркл Џуниор не е најсјајна, исто како што е ситуацијата со нејзиниот татко и полу сестра Саманта, па таа најверојатно нема да се појави на свадбата.

kade-begaat-megan-i-hari-koga-sakaat-mir-dali-nejziniot-brat-kje-ja-kani-na-svadba-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарек... Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што ве...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Машин Ган Кели како Ума Турман, а Меган Фокс со крв на лицето - Ѕвездите со спектакуларни маски по п... Парис Хилтон ѝ даде поддршка на другарката Бритни Спирс, па се облече во костимо...
Меган Маркл го прослави 42-иот роденден - Хари покрај неа, а таа блеска од среќа, по гласините за ра... Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кр...
Меган Фокс на настан во проѕирен фустан, а Машин Ган Кели се скри за да не се слика со неа (видео) Тој ја испрати до црвениот тепих, но наместо да застане до неа за да се фотограф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg