„Плакнеме очи“: 10 најуспешни машки модели на сите времиња
Годфри Гао - Godfrey Gao
Во 2011 година, моделот со тајванско-канадско потекло предизвика вистинска револуција откако стана првиот азиски модел кој бил дел од машката модна линија на Луи Витон. Од тогаш доби многу улоги во кинески филмови и ТВ серии.
Евандро Солдати - Evandro Soldati
Моделот со „бејби фејс“ лице најмногу треба да ѝ заблагодари на својата мајка за успешната кариера, бидејќи таа го пријавила на натпревар за манекени во родниот Бразил во 2002 година, кога имал само 17 години.
Евандро бил дел од кампањите на Армани и Нарцисо Родригез, а можеби ќе го препознаете и од спотот на Лејди Гага за песната „Alejandro“ од 2010 година.
Маркус Шенкенберг - Marcus Schenkenberg
Неговиот заштитен знак била долгата коса, а 50-годишниот шведски одел е најпознат по неговите реклами за Келвин Клајн во текот на ’90-тите години, како и кампањите за Версаче и Армани.
Џон Кортахарена - Jon Kortajarena
Џон имал само 18 години кога станал заштитното лице на Just Cavalli во 2004 година. Од тогаш, шпанскиот модел се има појавено во стотици модни кампањи – Валентино, Армани, Шанел, Хуго Бос, но најпознатата улога е секако онаа филмската во филмот A Single Man на режисерот/дизајнерот Том Форд.
Лаки Блу Смит - Lucky Blue Smith
Го откриле на 10-годишна возраст, а започнал со работа уште на 12 години како дел од кампањата на Ив Сен Лоран. Денес има 20 години, 3.2 милиони следбеници на Инстаграм и редовно е дел од модните писти на Томи Хилфигер, Том Форд, Балман и Келвин Клајн.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





