Мелани Грифит, Клои Кардашијан и уште 3 ѕвезди кои се соочиле со рак на кожата
- Детали
- четврток, 17 јануари 2019
Хју Џекмен мина низ процес на хемотерапија, а сега сака да ја поткрене јавната свест за оваа болест и потребата од заштита на кожата од сонцето.
Ракот на кожа дефинитивно не е пријатна дијагноза и некои ѕвезди се соочија со тоа.
Сега, тие ја штитат својата кожа од сонцето повеќе од кога било и вршат редовни тестови.
Ѕвезди кои се соочиле со рак на кожата:
Хју Џекмен (50)
За време на снимањето на филмот „X-Men: Days of Future Past“ актерот видел како му паѓа капка крв од носот. Мислел дека е незгода, но на инсиситирање на сопругата отишол да се провери.
Дијагнозата била карцином на базалните клетки, вид рак на кожа. Оттогаш тој мина третман со хемотерапија и сега болеста е во ремисија.
Во име на борбата против ракот на кожата Џекмен е инволвиран во рекламна кампања за млеко за сончање за деца.
Витни Карсон (25)
Витни имала белег на ногата од раѓање и бил во својата нормална големина, но ја променил бојата. По испитувањето ѝ било дијагностициран меланом.
Таа имала успешна операција, носи лузна на тоа место, но се надева дека нема повторно да има вакви битки.
Мелани Грифит (61)
Поранешната сопруга на Антонио Бандерас се борела со ракот на кожа повеќе од еднаш. Во 2001 имала операција за отстранување на меланом, а во 2017 отстранување на карцином на базалните клетки од носот.
Актерката не сака да зборува за тоа, а потврдата доаѓа од докторите.
Клои Кардашијан (34)
Во 2019 ријалити ѕвездата откри дека има белези од раѓање насекаде, но дека пред неколку години еден од нив сместен под градата почнал да ѝ расте.
Биопсијата покажала дека израсотокот е бениген, но по детално испитување бил откриен меланом, па големо парче кожа ѝ било отстрането. Процесот бил болен, откри Клои.
Кејтлин Џенер (69)
Кејтлин Џенер прикачи фотографија без шминка на која е видлив црвен белег на носот.
Дијагнозата ѝ била карцином на базалните клетки, таа направила операција и на сите им порачува да користат млеко за сончање.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





