Славни дами кои јавно признаа дека се алкохоличарки

Деми Ловато (26)

Пејачката има само 26 години, а веќе преживеа вистински пекол заради зависноста од алкохол и дрога. Со години водеше битка против своите пороци, ама потклекна и не остана чиста после шестата.

„Живеев турбулентно и сигурно млада ќе умрев. Мислам дека немаше да го дочекам ни дваесет и првиот роденден.“

Вака гласеше изјавата на Деми Ловато во 2016 година. Недолго потоа им се врати на старите навики. Лани заврши во болница поради алкохолно труење, по што повторно одлучи да се бори со зависноста, согласувајќи се да оди на терапија за одвикнување од дрога и алкохол.

slavni-dami-koi-javno-priznaa-deka-se-alkoholicharki-9.jpg

Наоми Кемпбел (48)

Таа долг период е апсолутна владетелка на модните писти, ама неретко и главна актерка во многубројни скандали. Манекенката едно време ги полнеше насловните страници на жолтиот печат, највеќе заради пороците и насилното однесување.

„Мислев дека никогаш нема да ја доживеам четириесеттата. Имаше моменти кога не можев да се погледнам самата себе во огледало, бидејќи не ми се допаѓаше она што го гледам. Бесот не беше мојот единствен проблем. Ги имав навистина многу. Јас не сум личност која ги негира своите проблеми. Не сум личност која ќе лаже за своите проблеми. И не ги кријам своите проблеми.

Наоми Кемпбел си ја отвори душата во очи на 40-тиот роденден. И таа побара стручна помош за лекувањето на нејзината зависност од алкохол и дрога.

slavni-dami-koi-javno-priznaa-deka-se-alkoholicharki-10.jpg

Линдзи Лохан (32)

32-годишната глумица некогаш беше омилено лице во тинејџерските филмови. Меѓутоа, успесите на големото платно не траеја долго. Гостувајќи во емисијата на Опра Винфри од 2013 година, таа низ солзи призна дека е зависничка.

„Да. Зависна сум од алкохол. Пробав во исто време и кокаин со алкохол, но не повеќе од 10 до 15 пати. И никогаш не се чувствував добро наредниот ден, што ме тераше да пијам уште повеќе. Освен тоа, го користев и за журкање. Земаа другите, па и јас. Шмркав. Никогаш не сум се боцкала во вена. Ми одеше рака под рака со алкохолот и забавите.“

Линдзи Лохан заврши со актерската кариера пред да навлезе во триесеттите, затоа што им се оддаде на пороците. Со алкохолот и дрогата го уништи и својот физички изглед.

slavni-dami-koi-javno-priznaa-deka-se-alkoholicharki-11.jpg

Џејда Пинкет Смит (47)

Сопругата на Вил Смит е уште една славна дама што паднала во замката на алкохолот. Таа јавно го сподели своите искуство со опивањето во емисијата „Red Table Talk“.

„Се сеќавам на моментот кога го допрев дното. Додека бев сама дома, испив две флаши вино, па отворив и трета. За миг прекинав, подзастанав и приметив што правам. Сама дома пијам трета флаша вино. Тогаш ми стана јасно дека имам проблем. Затоа целосно престанав да пијам алкохол. Јас сум жена што сака да се забавува и лесно им се предавам на задоволствата и пороците. Се опседнувам со нив. Ама, прашањето не е што правите, туку како и зошто. Проблемот е во однесувањето кое ги следи пороците. Доколку сте незаситни за секс, тоа е супер, ама зошто го сакате тоа? Ова мора го осознаете.“

Џејда Пинкет Смит се ослободила од зависноста и денес воопшто не консумира алкохол.

slavni-dami-koi-javno-priznaa-deka-se-alkoholicharki-12.png

Џејми Ли Кертис (60)

Глумицата во минатото боледувала од повеќе зависности. Покрај алкохолот, таа редовно земала опијати и кокаин, а причините лежат во несреќното детство и младост. Со голема болка прозборе на оваа тема пред неколку години.

„Целиот живот ги гледав своите родители како се опиваат. Тоа е наследна болест. Братот го изгубив кога имаше 20 години, затоа што беше зависник од хероин. Најголем успех во животот ќе ми биде ако останам трезна додека не умрам. Да го прекинам маѓепсаниот круг во семејството. Трезвеноста е моето најголемо достигнување. Поголемо и од сопругот, децата, работата, успесите, поразите. Поголемо од било што.“

Џејми Ли Кертис е одлучна во заложбите да не им се врати на пороците. Трезна е повеќе од 20 години.

slavni-dami-koi-javno-priznaa-deka-se-alkoholicharki-13.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Мајка му починала од рак, не зборувал со татко му - Тажниот живот на Џејмс Дин кој загина на 24 годи... Еден од најголемите холивудски заводници од '50-тите години, Џејмс Дин, има тажн...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg