Мајка му починала од рак, не зборувал со татко му - Тажниот живот на Џејмс Дин кој загина на 24 години

Еден од најголемите холивудски заводници од '50-тите години, Џејмс Дин, има тажна животна приказна. Неговата мајка Милдред починала од рак кога тој имал само 9 години, а Џејмс растел без мајчина љубов. Неколкупати кажал дека никогаш не се заљубил и дека ја бара вистинската жена, но загина во сообраќајна несреќа пред да ја најде.

majka-mu-pochinala-od-rak-koga-imal-9-godini-nikogash-vistinski-ne-se-zaljubil-tazhnata-zhivotna-prikazna-na-buntovnikot-djejms-din-01.jpg

Џејмс Дин, еден од најпознатите актери на сите времиња, е роден на 8 февруари 1931 година во малото гратче Мерион, Индијана.

Од најраното детство бил многу приврзан за својата мајка Милдред Вилсон. Но, таа починала ненадејно од рак кога Дин имал само девет години.

И, кога станал тинејџер, но и во годините кога градел кариера, знаел да каже дека таа е единствената жена што некогаш го разбирала.

По смртта на мајка му, животот целосно му се променил. Неговиот татко го испратил да живее на фарма со вујко му и тетка му. Тоа драматично ја нарушило нивната врска, па до смртта на актерот скоро и да не разговарале.

majka-mu-pochinala-od-rak-koga-imal-9-godini-nikogash-vistinski-ne-se-zaljubil-tazhnata-zhivotna-prikazna-na-buntovnikot-djejms-din-02.jpg

Поради проблемите со татко му, без мајка му да го води низ детството, Дин станал проблематичен тинејџер. И во тоа време бил бунтовник, исто како и ликовите што ги глумеше на филмското платно.

Неговите биографи тврдат дека нашол утеха, друштво и духовно водство во методистичкиот свештеник Џејмс Девард, кој му помогнал во најтешките времиња.

Додека студирал право во Калифорнија, ја открил својата љубов кон актерството. Го оставил факултетот и решил да глуми. Доволни биле само три филма за да стане вистинска филмска легенда.

Уште со првиот филм станал вистински миленик на жените. Ги заведувал каде и да се појави. Но, никогаш не останал со една подолго време.

majka-mu-pochinala-od-rak-koga-imal-9-godini-nikogash-vistinski-ne-se-zaljubil-tazhnata-zhivotna-prikazna-na-buntovnikot-djejms-din-04_copy.jpg

Единствената посериозна врска за која се знае е љубовта со италијанската глумица Пјер Анџели. Двојката не се забавуваше долго.

Раскинаа бидејќи нејзината мајка не го одобрувала тоа што Дин не е католик. Не ѝ се допаѓал ни неговиот начин на живот, брзите автомобили и начинот на облекување.

Иако Анџели сакала да остане со Дин, тој ѝ признал дека не е подготвен за брак. Набргу по раскинувањето, Анџели се вери со пејачот Вик Дејмон, а во 1954 година се венчаа.

Џејмс Дин наводно бил шокиран и со скршено срце.

majka-mu-pochinala-od-rak-koga-imal-9-godini-nikogash-vistinski-ne-se-zaljubil-tazhnata-zhivotna-prikazna-na-buntovnikot-djejms-din-03.jpg

Четиринаесет години по завршувањето на нивната врска, Пјер Анџели првпат прозборе за нивната романса:

„Заедно ќе отидевме на брегот на Калифорнија и ќе останевме таму во тајност во куќа на плажа, што подалеку од љубопитните очи.

Поголемиот дел од времето го поминувавме на плажа, седејќи, забавувајќи се, исто како и децата од факултет.

Ќе зборуваме за себе и нашите проблеми, за филмовите и глумата, за животот и 'животот по смртта'. Се разбиравме целосно. Бевме како Ромео и Јулија“.

И додека за фановите имаше имиџ како непослушно момче благодарение на неговите улоги во East of Eden, Giant и Rebel Without a Cause, во реалноста бил сосема поинаков.

majka-mu-pochinala-od-rak-koga-imal-9-godini-nikogash-vistinski-ne-se-zaljubil-tazhnata-zhivotna-prikazna-na-buntovnikot-djejms-din-007.jpg

Често го менувал расположението и од тивок и понекогаш срамежлив тип, се претворал во луд комичар кој може да го развесели целото друштво.

Сепак, во јавноста беше познат како кул тип кој ретко се смее во јавност, никогаш не вади цигара од устата и крши срца каде и да оди со својот мотор или спортски автомобил.

Благодарение на неговата харизма, тој успеа да ги претвори најобичните сини фармерки и бела маичка во моден тренд кој и денес се копира.

На неговата харизма не одолеаја ни Мерилин Монро, Елизабет Тејлор, Џоан Крафорд и Џуди Гарланд.

Џејмс Дин загина во сообраќајна несреќа, еден месец пред премиерата на својот последен филм Rebel Without a Cause, на 30 септември 1955 година. Тогаш актерот имаше само 24 години.

majka-mu-pochinala-od-rak-koga-imal-9-godini-nikogash-vistinski-ne-se-zaljubil-tazhnata-zhivotna-prikazna-na-buntovnikot-djejms-din-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg