Филмови во кои Џенифер Анистон требала да глуми, но се предомислила

Џенифер Анистон штотуку наполни 50 години. Зад себе има импресивна актерска кариера, а секако, најдобро ја паметиме по улогата на Рејчел во „Friends“.

filmovi-vo-koi-dzhenifer-aniston-trebala-da-glumi-no-se-predomislila-01.jpg

Но, дали знаевте дека всушност продукцијата ја сакала Кортни Кокс за Рејчел, но Кокс повеќе ја сакала Моника?

Џенифер Анистон била прв избор за други улоги кои не ни можеме денес да ги замислиме со друг актер, како што е на пример „Титаник“.

Ова се пет филмови во кои Анистон ќе ја добиела главната улога, но поради различни причини тоа не се случило:

Pulp Fiction

Можеби Ума Турман е симболот на „Pulp Fiction“, но Тарантино прво ги барал Џенифер Анистон и Џулија Луис-Дерјфас за улогата на Миа Валас. Нивните распореди веќе биле пребукирани со снимања на „Friends“ и „Seinfeld“, па одбиле.

filmovi-vo-koi-dzhenifer-aniston-trebala-da-glumi-no-se-predomislila-02.jpg

Titanic

Пред Кејт Винслет да биде избрана за улогата на Роуз, на првиот кастинг била Џенифер Анистон, а заедно со неа и Гвинет Палтроу, Шарлиз Терон, Никол Кидман и Анџелина Џоли.

Chicago

Џенифер била во подемот на својата кариера кога добила понуда да ја глуми Рокси Харт во мјузиклот „Chicago“. Повторно, воопшто не ни прифатила да преговара поради ангажманот со „Friends“.

filmovi-vo-koi-dzhenifer-aniston-trebala-da-glumi-no-se-predomislila-03.jpg

A Mighty Heart

Џен и Бред немаа заеднички деца, но имаа заедничка продукција, „План Б Филмс“, а во периодот кога се разведуваа многу се зборуваше дека таа ја одбила улогата во овој филм поради нејаснотиите околу нивната врска. Продукцијата го реализираше филмот неколку години подоцна, со Анџелина Џоли во главната улога.

Heartbreakers

Ова можеби и не стана филмски хит како што се очекуваше, но сепак го привлече вниманието и на критиката и публиката. Знаеме дека во овој филм глумат Сигурни Вивер и Џенифер Лав Хјуит, но прв избор на продукцијата биле Шер и на нејзино барање, Џенифер Анистон. Но, откако албумот на Шер „Believe“ постигна огромен успех, таа се откажа од проектот, за да замине на турнеја. Бргу потоа, се повлекла и Анистон.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Го посвои на само 7 месеци, за да го заштити се разведе од Бред Пит – Анџелина Џоли гордо позира со ... Анџелина во една прилика рече дека кога го видела како 3-месечно бебе не можела ...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg