Меган Маркл блеска, откако татко ѝ го објави нејзиното „уништувачко“ писмо, а Џорџ Клуни ја бранеше
- Детали
- среда, 13 февруари 2019
Татко ѝ го објави писмото каде таа вели дека срцето ѝ го скршил на милион парчиња, а Џорџ Клуни, кој е пријател на кралскиот пар, остро го осуди овој потег на Томас Маркл.
Меган Маркл беше синоним за елеганција и префинетост во бел фустан од Calvin Klein кога се појави со принцот Хари во музејот во Лондон.
Ова е нејзино прво појавување откако нејзиниот татко Томас Маркл ја откри содржината на писмото што Меган му го испратила минатото лето и во него го обвинила дека ѝ го скршил срцето во милион парчиња со тоа што давал интервјуа во медиумите, исценирал папарацо фотки и јавно го напаѓал нејзиниот нов сопруг.
Во писмото таа му пишува дека ѝ предизвикал многу болка со тоа што јавно кажувал дека таа не му помага финансиски, а не било точно, како и со сцените околу неприсуствувањето на нејзината свадба. Наводно ова писмо емоционално го „уништило“ Томас Маркл.
Писмото се прошири низ сите медиуми, но Меган со насмевка на лицето се појави на настанот и покажа дека ништо не може да ѝ ја расипе среќата, пред пристигнувањето на нејзиното прво дете во април. Парот ја гледаше претставата „The Wider Earth“.
Инаку, Џорџ Клуни, кој е пријател со кралскиот пар, изјави дека приказната со принцезата Дијана како да се повторува и дека Меган на ист начин е следена од папараците секогаш и секаде и сите гласини околу неа се интензивирани.
„Таа е жена која е во седмиот месец од бременоста и е бркана насекаде на истиот начин како што беше Дијана и историјата се повторува. Навистина е фрустрирачки што е објавено писмото во кое ќерката му кажува на таткото што чувствува. Неговото објавување е навистина неодговорно и изненаден сум од тоа.“
Стајлингот на Меган:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





