Од луксузни патувања до чоколади со канабис – што сè ќе има во кесичките со подароци на Оскари 2019?
- Детали
- вторник, 19 февруари 2019
Оваа година, номинираните ќе можат да си ги „смират нервите“ со чоколадни производи во кои има канабис, а потоа и да се разубавуваат со козметички производи со екстракти од семе од канабис.
Секоја година, покрај Оскарите, славните личности кои присуствуваат на овој престижен настан, добиваат и по некое подароче.
Минатата година, во кесичките се криеја ваучери со патувања за Халкидики, дијаманти и уште многу други работа.
Во исчекување на Оскарите кои ќе се одржат овој викенд, откриваме што ќе се крие во кесичките со подароци во вредност од 100.000 долари, а најмногу впечаток оставаат чоколадните производи со канабис, како и козметичките.
Во кесичките со подароци покрај ова, ќе се најдат и луксузни патувања, романтични вечери, облека, козметика и уреди за убавина, накит и уште многу други работи.
Од луксузни патувања до чоколади со канабис – што сè ќе има во кесичките со подароци на Оскари 2019?
- Луксузна авантура на брод „International Expeditions“ на патување по избор (Амазон, Галапагос, Исланд, Коста Рика-Панама)
- Премиум јадливи производи со канабис на Coda Signatures
- Годишно ВИП членство во MOTA – првиот канабис социјален клуб во Лос Анџелес
- Приватни сесии за ослободување од фобии со најдобриот светски експерт Калиопе Барлис
- Лични тренинзи со тренерот на славните Алексис Селецки
- AP4GooD лимитирано издание на уметнички маици
- Рачно боени портрети на стакло од уметникот Џон Томан
- Бегство од една седмица на плажа во Avaton Luxury Villas Resort, Грција
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





