Џоли му купила водопад на Бред Пит: Најскапите и најлудите божиќни подароци на славните

Бидејќи Бред Пит отсекогаш сакал куќа покрај водопад, додека беа заедно, Џоли за Божиќ го изненадила со земјиште со водопад каде што можел да си го изгради домот од соништата.

dzholi-mu-kupila-vodopad-na-bred-pit-najskapite-i-najludite-bozhikjni-podaroci-na-slavnite01.jpg

Купувањето подароци за Божиќ и Нова година веќе е традиција и кај нас.

Но, додека ние ја одбележуваме сезоната со нешто симболично и релативно скромно, славните и богатите знаат да одат до екстреми.

Некогаш купуваат или добиваат бизарни подароци, а некогаш станува збор за подароци кои чинат цело богатство.

Дел од најчудните и најскапите празнични подароци на славните:

Лејди Гага доби коњ од нејзината издавачка куќа

Во 2015 година, Лејди Гага откри дека од нејзината издавачка куќа ја изненадиле со бел коњ кој ѝ го доставиле до домот.

„Денес пред мојот дом беше доставен бел ангел од небото.

Ќе го јавам, ќе се грижам за него и ќе го сакам за секогаш. Навистина ме изненадија“, напиша пејачката во објавата.

dzholi-mu-kupila-vodopad-na-bred-pit-najskapite-i-najludite-bozhikjni-podaroci-na-slavnite-02.jpg

Ријана доби чудно и скапо уметничко дело

Во 2014 година, Ријана доби необично уметничко дело од нејзиниот креативен директор.

Станува збор за скулптура направена од гумен делфин и гума за бањање направена од познат артист.

Не е позната точната сума што била потрошена за подарокот, но скулптурите од оваа серија на артистот се продавале по цена до 15.000 долари.

dzholi-mu-kupila-vodopad-na-bred-pit-najskapite-i-najludite-bozhikjni-podaroci-na-slavnite-03.jpg

Ник Канон ѝ купи Rolls Royce на Мараја Кери

Додека беа заедно, Ник Канон ѝ купи Rolls-Royce Phantom на Мараја Кери, кој се проценува на скоро половина милион долари.

Тој период Мараја беше бремена со нивните близнаци Монро и Морокан.

dzholi-mu-kupila-vodopad-na-bred-pit-najskapite-i-najludite-bozhikjni-podaroci-na-slavnite-04.jpg

Анџелина Џоли му купи водопад на Бред Пит

Во 2012-та, додека уште беа заедно, Анџелина Џоли го изненади Бред Пит со огромно земјиште каде што можел да си ја изгради куќата од соништата.

Во склоп на земјиштето во Калифорнија, имало и водопад.

„Анџелина сакаше да му купи нешто посебно и знаеше дека ова ќе биде совршено.

Бред отсекогаш сонувал за куќа покрај водопад“, изјави тогаш извор близок до парот.

dzholi-mu-kupila-vodopad-na-bred-pit-najskapite-i-najludite-bozhikjni-podaroci-na-slavnite-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли сакала да се смири со Бред – ја одбил, па го отуѓила од децата за да му се одмазди Веројатно сите деца на Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се откажат од презимето на ак...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Бред Пит се вика Вилијам – Познати личности за кои не знаете дека користат уметнички имиња Вин Дизел се вика Марк Синклер (одбрал име што звучи моќно додека работел во ноќ...
Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“ Секоја врска на Бредли Купер била сериозна, а актерот останал во добри односи со...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава