Сијара и Лаис Рибеиро облечени во костими танцуваат и се забавуваат на карневалот во Рио 2019
- Детали
- четврток, 07 март 2019
Сијара и бразилскиот модел Лаис Рибеиро не го пропуштија карневалот во Рио и уживаа во спектакуларниот настан, се забавуваа и танцуваа заедно.
Карневалот во Рио де Жанеиро веќе е во тек, а Сијара заедно со нејзиното момче Расел Вилсон е во посета на Бразил и уживаат во незаборавното искуство.
На карневалот тие се фотографирале со фудбалската ѕвезда Роналдо, а пејачката се забавувала заедно со бразилскиот модел Лаис Рибеиро.
На Инстаграм Сијара сподели видео како танцува со Лаис и се забавува на карневалот во Рио, а бразилката објави неколку фотки од овогодинешната атмосфера.
Пред самиот почеток на карневалот, Рибеиро објави фотки од минатата година, облечена во костим, а нејзиниот фотограф објави и фотка од неа со Џасмин Тукс.
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





