Ѕвезди кои го изгубија богатството преку ноќ и речиси банкротираа
- Детали
- сабота, 09 март 2019
Изгледа дека правењето пари е само половина од битката. Тешкиот дел доаѓа кога треба паметно да ги распределиш и сочуваш за да потраат.
Некои славни не се баш вешти во второто.
Кои ѕвезди успеаја да изгубат милиони буквално преку ноќ и речиси да банкротираат?
Николас Кејџ
Во врвот на неговата кариера, Николас Кејџ заработувал околу 150 милиони долари од еден проект. Но, во 2009-та неговите финансиски менаџери прогласија банкрот.
Николас милионите ги трошел на прогонети замоци, приватни острови и чудни колекции од прастари скелети.
Мајк Тајсон
Во интервју во 2003-та година Мајк откри дека потрошил 400.000 долари на месец. Потоа, неговиот развод му извлече 9 милиони.
Линдзи Лохан
Со оглед на тоа што пребрзо и премлада ја стекна славата, Линдзи лесно се навикна на убав живот. Но, во 2012-та актерката прогласи банкрот.
Џони Деп
Џони Деп има заработено околу 650 милиони долари, но со оглед на тоа што троши по околу 30.000 долари за вино, богатството му е сериозно загрозено.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





