Први фотки од романтичното запросување на Џеј Ло
- Детали
- вторник, 12 март 2019
Само неколку дена по објавата со прстенот, следува нова доза на романтични фотки од Џеј Ло и Алекс Родригез.
На егзотичен остров, Алекс е клекнат на колено и ѝ го подава масивниот дијамантски прстен на Џеј Ло, е приказната која таа ја објави низ неколку фотки на Инстаграм.
На социјалните мрежи се огласи и Алекс Родригез. На Инстаграм тој напиша:
„Нема многу зборови да споделам со вас, само емоции. Благодарност. Возбуда. И само… радост. Знаеме дека ни претстои работа за да продолжиме да градиме семејство и иднина на кои можеме да бидеме горди и тоа не можеме да го сториме без сите вас. Толку сме благодарни за сите ваши пораки полни љубов и честитки.“
Би можело да ве интересира:





