По 2-годишна врска, Алекс ја запроси Џеј Ло со огромен дијамантски прстен

По долго очекување и многу лажни гласини, Алекс Родригез и Џеј Ло конечно се верија по 2-годишна врска, а веста ја споделија на социјалните мрежи.

po-2-godishna-vrska-aleks-ja-zaprosi-j-lo-so-ogromen-dijamantski-prsten-1.jpg

Иако досега имаше многу гласини за нивната свршувачка, по долго нетрпение на фановите, Алекс конечно ја запроси неговата сакана додека се на романтичен одмор.

Тие постојано споделуваат моменти од нивната врска на социјалните мрежи, па по неколку објави од романтичното бегство, Родригез објави и фотка од раката на Џеј Ло со огромен веренички прстен и напиша „Таа кажа да“.

И Џеј Ло ја објави истата фотка на која Алекс ја држи нејзината рака со огромен дијамант, а во описот остави само срциња.

На 49-годишната музичка ѕвезда ова ќе ѝ биде 4-ти брак, а се надеваме дека нема да заврши како претходните три. 

Засега нема никакви дополнителни информации, но со нетрпение очекуваме детали околу свршувачката и свадбата. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...

Најчитани неделава