Еден поинаков вид на привлечност - најубавите шпански актерки под 30 години
- Детали
- недела, 14 април 2019
Шпанската кинематографија зема сè поголем замав во светската филмска индустрија. Многу од новите ТВ серии и филмови се во продукција на еминентни куќи од типот на Нетфликс, каде што се и достапни за гледање.
Шпанските актерки особено го привлекуваат вниманието со својот неоспорен талент, но и специфичниот медитерански изглед. Тие се многу поприродни за разлика од типичните пластични убавици на денешницата.
Доколку ја знаевте само Пенелопе Круз од актерските од шпанското говорно подрачје, време е да ја запознаете новата генерација на талентирани убавици под 30 години:
Макарена Гарсија (Macarena García)
Родена е на 26 април, 1988 година во Мадрид. Најпозната е по улогите во Holy Camp! (2017), Palm Trees in the Snow (2015) и Blancanieves (2012).
Бланка Суарез (Blanca Suárez)
Бланка е родена на 21 октомври, 1988 година, а најпозната е по улогите во The Boarding School (2007-10), The Boat (2011-13), и серијата во продукција на Нетфликс Cable Girls (Las Chicas Del Cable).
Таа работеше и со Педро Алмодовар во филмот The Skin I Live In (2011), а му беше девојка на познатиот шпански актер Марио Касас.
Урсула Корберо (Úrsula Corberó)
29-годишната Урсула е родена на 11 август, 1989 година. Нејзината најпозната улога е онаа на Токио во хит серијата Money Heist (2017) или La Casa de Papel.
Клара Лаго (Clara Lago)
Клара е роден на 6 март, 1990 година во Мадрид, а на нашата публика ѝ е најпозната по улогата на Џин во продолжението на филмот „Tres metros sobre el cielo“ со наслов: I Want You (2012) или Tengo ganas de ti.
Естер Еспозито (Ester Expósito)
Естер има само 19 години, а досега се има појавено во хит серијата на Нетфликс Elite (2018), When Angels Sleep (2018) и Locked Up (2015).
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





