8 имиња за кралското бебе кои се неочекувани, но би биле логични

Британската треска околу кралското бебе веќе е на високо ниво. Првото дете на принцот Хари и Меган Маркл треба да се роди во текот на овој месец, а сите ги интересира и името.

8-iminja-za-kralskoto-bebe-koi-se-neochekuvani-no-bi-bile-logichni-01.jpg

Во обложувалниците најмногу се типува на Дијана, Елизабет и Артур, бидејќи полот уште не е познат. Веќе се појавија шпекулации дека бебето е женско и дека ќе се вика Дијана, а некои отишле дотаму што веруваат дека Меган веќе се породила во тајност.

Сосема очекувано е членовите на кралското семејство да им даваат на своите деца традиционални британски имиња. Но, со оглед на тоа што детето на Хари би било седмо по ред во линијата за тронот и не е во директната линија исто така, можеби и ќе бидат пофлексибилни со изборот на името.

Кај принцот Вилијам беше сосема очекувано неговите деца да имаат традиционални имиња, бидејќи малиот Џорџ Александар Луис еден ден ќе биде крал.

Постојат неколку имиња кои може да влезат во комбинацијата на целосното име кое ќе го добие бебето, кои се неочекувани, но сосема логични:

Дорија

Многумина сметаат дека ако е девојче, тогаш војводата и војвотката од Сасекс ќе оддадат почит на двете баби, со тоа што првото име би било Дијана, додека Дорија влегува во комбинацијата за средно име.

Рејчел

Целосното име на војвотката од Сасекс е Рејчел Меган Маркл. Таа официјално го користи само Меган Маркл за време на актерската кариера, а и во кралското семејство е Меган, војвотка од Сасекс. Во серијата „Suits“ нејзиниот лик исто така се вика Рејчел, па можеби и на својата ќерка би ѝ го дала тоа име.

Френсис

Френсис е средното име на принцезата Дијана и прво име на нејзината мајка. Иако веројатноста е мала во однос на Викторија, Дијана, Алис, Артур и Џејмс, ова име е „унисекс“, па може да биде земено предвид и ако добијат машко бебе.

Спенсер

Спенсер е презимето на семејството на принцезата Дијана, што би било голема чест доколку тие добијат момче. Принцезата Дијана го нарекувала принцот Хари „мојот мал Спенсер“ бидејќи има црвена коса како членови на нејзиното семејство.

8-iminja-za-kralskoto-bebe-koi-se-neochekuvani-no-bi-bile-logichni-02.jpg

Греј

На блогот „The Tig“ кој Меган некогаш го водеше, постоел запис во кој таа навела дека омилено име за бебе ѝ е Греј.

Елвин

Елвин се викал драгиот дедо на Меган, кој починал во 2011 година. Таа била многу блиска со него и премногу го сакала, а по неговата смрт била тажна и тешко се справувала со тоа.

Џенет

Џенет е името на нејзината баба која многу помогнала во одгледувањето и воспитувањето на Меган. Британците типуваат дека Џенет би било средно име во комбинација со Елизабет, односно дека парот ќе избере име во чест на двете баби.

Кали

Кали би било скратено од Калифорнија, татковината на Меган. Иако шансите да го дадат ова име се еднакви со нула, таблоидите веќе неколкупати го спомнале како можна опција.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Меган Маркл го прослави 42-иот роденден - Хари покрај неа, а таа блеска од среќа, по гласините за ра... Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кр...
Само мајка му го вика така - Зошто Дрејк го крие своето вистинско име од јавноста? „Имаш име на девојче, затоа го криеш од јавноста!“ Дрејк доби ваков коментар зат...
Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарек... Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg