„Зошто не се вратиш во таа Македонија ако веќе толку ја сакаш“ - Тијана Дапчевиќ со апел до хејтерите по Евровизија
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 23-06-2019


„Зошто не се вратиш во таа Македонија ако веќе толку ја сакаш“ - Тијана Дапчевиќ со апел до хејтерите по Евровизија

zoshto-ne-se-vratish-vo-taa-makedonija-ako-vekje-tolku-ja-sakash-tijana-dapchevikj-so-apel-do-hejterite-po-evrovizija-01.jpg

Тијана Дапчевиќ периодов гласно и од сè срце ја бодреше Тамара Тодевска на Евровизија. Таа ги повикуваше сите да гласаат за нејзината сестра и ја промовираше македонската евровизиска песна „Proud“.

Но, сега пејачката на својот Инстаграм профил откри дека се соочувала со низа критики и прашања, па одлучи јавно да им се обрати на „хејтерите“.

Го пренесуваме статусот на Тијана Дапчевиќ во целост:

„Тијана, зошто толку пишуваш за сестра ти?“, „Каква Северна Македонија? Не пишувај така, подобро остани во Србија!“, „Зошто не се вратиш во таа Македонија ако веќе толку ја сакаш“, „Дијаспората нè издаде“...

Е, сега да ве прашам јас нешто вас: Дали ја слушнавте песната? Дали навистина ја слушнавте или онака само ја претрчавте? Или вие веќе не умеете да слушате, ниту себеси, ниту некој друг. А сега да одговорам на вашите прашања:

PROUD е она кога твојата сестра на 6 години гледа телевизија и вика: „Јас ќе пеам тука“, иако во тој миг не ни знае која е таа самата, а не пак Евровизија.

PROUD е кога со месеци сме сите како на игли додека се бира песната, фустанот, настапот и додека сите ги филтрираат добрите намери од лошите идеи за да на крајот се добие настап со кој застанува времето.

PROUD е кога таа доаѓа на сцена, а јас имам впечаток дека дошло сè. И дека никој пред неа не бил таму.

PROUD е кога камерата покажува полн кадар на почетокот од песната и кога ја гледам право во очи и гледам дека тоа е тоа, дека нема потреба да се грижам, иако до пред 3 секунди не можев да дишам од трема.

PROUD е кога после настапот почнуваат да пристигнуваат овации од сите страни во облик на повици, пораки, солзи, смеа, навивање.

PROUD е кога знаеш дека секогаш имаше некој на кој можеш да се потпреш.

PROUD е кога по 15 години го земам виолончелото повторно во рака и апсолутно не ме интересира дали се провлекол некој фалш, затоа што сакам уште еднаш (на свој начин) да покажам дека сум горда на себе, Тамара и целиот свој народ (а он на некои места е многу поширок од розовата линија во атласот) и сите оние кои не се откажуваат од себе и своите соништа.

А овие, дигиталните (не)луѓе, нека пронајдат барем една работа на која ќе бидат горди и веднаш сè ќе им добие поубава смисла.

View this post on Instagram

„Tijana, zašto toliko pišeš o sestri?“ | „Kakva Severna Makedonija??? Ne piši tako, bolje ostani u Srbiji!“ | „Zašto se ne vratiš u tu Makedoniju ako je već toliko voliš?“ | “Dijaspora nas je izdala!“ E, sad da ja vas nešto pitam: Jeste li čuli vi pesmu? m? Jeste stvarno slušali ili ste samo onako pretrčali? Ili ni ne umete više da saslušate, ni sebe, ni nekog drugog. A sad da dgovorim na vaša pitanja: PROUD je ono kad tvoja sestra sa 6 godina gleda Evroviziju i kaže „I ja ću pevati tu!“, iako pojma nema ni ko je ona u tom trenutku, a ne šta je Evrovizija. PROUD je kad smo mesecima svi kao na iglama dok se bira pesma, haljina, nastup i dok svi isfiltriraju dobre namere od loših ideja, da bi se na kraju dobio nastup uz koji vreme stane. PROUD je kad ona dođe na scenu, a ja imam utisak da je sve došlo. I da niko pre nije ni bio tu. PROUD je kad kamera pokaže pun kadar na početku pesme i kad je gledam pravo u oči i vidim da je to to, da nema potrebe da brinem, iako do pre tri sekunde nisam mogla da dišem od treme. PROUD je kad posle nastupa počnu da stižu ovacije sa svih strana, u obliku poziva, poruka, suza, smeha, navijanja. PROUD je kad znaš da uvek imaš na koga da se osloniš. PROUD je kad, nakon 15 godina, uzmem violončelo ponovo u ruke i apsolutno me ne interesuje da li se provukao neki falš, jer hoću još jednom (na svoj način) da pokažem da sam ponosna na sebe, Tamaru, sav svoj narod (a on je na mestima mnogo širim od roze linija u atlasu) i sve one koji ne odustaju od sebe i svojih snova. A ovi, digitalni (ne)ljudi, neka pronađu bar jednu stvar na koju će biti ponosni i sve će odmah dobiti lepši smisao.

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како јакната на Кендал Џенер стана хит меме? (фото) Големата црвена јакна на Кендал Џенер направи твитерџиите да ја споредат дури со...
Шајло како момче, Анџелина без градник: Кога Џоли сака да оди на ручек... Актерката со 3 од нејзините 6 деца беше уловена во лежерно издание, иако сакаше ...
Трета среќа со помлад дечко: Кортни Кардашијан се гледа со религиозен ... Новиот избраник на старлетата е голем верник. Наспроти разликата од дванаесет го...