Познати фаци во отворена врска: Која глумица живееше со двајца мажи под ист покрив?

Иако е табу тема и во светот на ѕвездите, некои славни двојки не се плашат јавно да признаат дека во нивниот однос има место за повеќе луѓе.

poznati-faci-vo-otvorena-vrska-koja-glumica-zhiveeshe-so-dvajca-mazhi-pod-ist-pokriv-1.png

Тие живеат без правила. Љубовта не ја доживуваат на традиционален начин. Довербата им е поважна од верноста.

Ова се познатите фаци кои имаат отворена врска или брак:

Моник и Сидни Хикс

Оскаровката и сопругот се пријатели од раното детство, а се венчаа во 2006 година. Моник јавно призна дека неконвенционалниот љубовен однос со Сидни Хикс бил лично по нејзина, не негова иницијатива.

„Јас го предложив отворениот брак. Мојата кариера беше во подем и сакав да имам сѐ на располагање. Ми беше важно да седнеме и еден на друг да си ветиме дека секогаш ќе бидеме искрени.

Но, луѓето поинаку го интерпретираа ова. Говореа дека на својот сопруг ќе му допуштам да спие со било кого, затоа што сум дебела, а тој убав маж.

Сакав на светот да му кажам дека отворениот брак беше моја идеја, а не негова. Им препорачувам на луѓето тоа самите да го испробаат и истражат.

Сега, после толку години, можам да кажам дека нашиот брак еволуираше во прекрасен однос без никакви тајни.“

poznati-faci-vo-otvorena-vrska-koja-glumica-zhiveeshe-so-dvajca-mazhi-pod-ist-pokriv-2.jpg

Итан Хок и Рајан Хок

Холивудскиот глумец беше во брак со колешката Ума Турман од 1998 до 2005 година. Причина за нивниот развод е Рајан, дадилката која ги чуваше децата на познатиот пар, а со која Итан Хок се ожени во 2008 година.

„Луѓето имаат прилично детинест поглед на моногамијата и верноста. Велат: „Тој е ужасен бидејќи изневеруваше, таа е ужасна бидејќи изневеруваше!“.  Наместо да признаат дека ние како луѓе не сме моногамни.

Да се однесувате огорчено и викате дека светот ви се срушил поради тоа што љубовникот не ви бил верен, слично е како да сте потресени затоа што косата ви побелела.

Сексуалната верност не може да биде единственото нешто на кое ја темелите својата врска.“

poznati-faci-vo-otvorena-vrska-koja-glumica-zhiveeshe-so-dvajca-mazhi-pod-ist-pokriv-3.jpg

Доли Партон и Карл Томас Дин

Американската кантри дива и нејзиниот сопруг се во брак од 1966 година. Доли Партон јасно даде до знаење што мисли за моногамијата и објасни како ѝ функционира врската со Карл Томас Дин.

„Моногамијата е една од најпреценетите доблести. Моногамија е монотонија. Нам ни е во ред да имаме и други партнери. Меѓутоа, јас не сакам да знам кога тој е со некоја, а ни тој не сака да знае кога јас сум со некого.“

poznati-faci-vo-otvorena-vrska-koja-glumica-zhiveeshe-so-dvajca-mazhi-pod-ist-pokriv-4.jpg

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит

Популарната двојка е во брак од 1997 година. Џејда Пинкет Смит одлучи да ги искоментира гласините дека со Вил Смит не се моногамни, откривајќи дека обајцата имаат целосна слобода.

„Мора да му верувате на својот партнер. На крајот на денот, јас не сум тука за некого да го надгледувам, ниту да внимавам на него. Вил е возрасен човек и ја има сета слобода на светот.

Сѐ додека може да се погледне во огледало и да биде во ред самиот со себе, мене ништо не ми пречи. И двајцата во односот можеме да правиме што и да посакаме, бидејќи си веруваме еден на друг.

Тоа не значи дека имаме отворена врска, туку дека имаме зрела врска.“

poznati-faci-vo-otvorena-vrska-koja-glumica-zhiveeshe-so-dvajca-mazhi-pod-ist-pokriv-6.jpg

Тилда Свинтон и Сандро Коп

Иако британската глумица го држи својот приватен живот далеку од очите на јавноста, познато е дека долго време беше во вонбрачна заедница со шкотскиот уметник Џон Бирн. Во 2004 година, пак, во животот и домот на Тилда Свинтон се всели младиот германски уметник Сандро Коп. Додека мајката со љубовникот ги обиколуваше филмските сетови, таткото водеше грижа за двете деца.

„Теоретски, сите заедно живееме во истата куќа, ама јас патувам низ светот со вториот прекрасен партнер. Нашиот договор е потполно разумен.“

poznati-faci-vo-otvorena-vrska-koja-glumica-zhiveeshe-so-dvajca-mazhi-pod-ist-pokriv-7.jpg

Ваквата нетрадиционална мала заедница ги зачуди многумина, но главните актери на оваа нетипична љубовна приказна не гледаа ништо необично. Џон на крајот сепак се исели од домот, останувајќи во одлични односи со Тилда и Сандро.

„Сега сум мошне среќна во новата врска. Сите заедно сме добри пријатели. Тоа е една навистина позитивна ситуација. Животот не мора да биде комплициран.“

poznati-faci-vo-otvorena-vrska-koja-glumica-zhiveeshe-so-dvajca-mazhi-pod-ist-pokriv-8.jpg

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg