Фатални мажи поради кои славните жени ги заборавија партнерите

Руперт Сандерс

Еден од најголемите прељубнички скандали во Холивуд на сите времиња се случи летото 2012 година.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-10.jpg

Тогашниот златен пар и ѕвездите на сагата „Twillight“ – Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон – раскинаа откако во таблоидот US Weekly  осамнаа компромитирачки фотографии од младата глумица.

Поточно, во јавноста испливаа папарацо снимки на кои разменува нежности со Руперт Сандерс, режисерот на филмот каде таа имаше запазена улога. Врската не им траеше долго.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-11.jpg

Дин Мекдермот

Тори Спелинг го запозна сегашниот сопруг на снимањето на филмот „Mind over Murder" во 2005 година. Средбата со шест години постариот Дин Мекдермот била фатална.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-8.jpg

Страствено се вљубиле еден во друг, наспроти фактот што и двајцата имаа бурми на рацете. Глумецот во тој период беше оженет со Мери Џо Јустис, а богатата наследничка во брак со Чарли Шаниан.

Оттогаш се поминати цели четиринаесет години, а парот е уште заедно и родители се на четири деца.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-9.jpg

Џејмс Тапер

Ен Хејч, поранешната девојка на Елен Деџенерис, не можеше да одолее на шармот на колегата Џејмс Тапер, при снимањето на телевизиската серија „Men in Trees” во 2009 година.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-12.jpg

Ова не би било ништо чудно, ако истовремено не беше омажена за Колман Лафун. Кога шест месеци подоцна гласините за аферата испливаа на површина, актерката побара развод.

Веднаш потоа се пресели кај љубовникот, со кого започнаа врска, но издржаа заедно до минатата година.

fatalni-mazhi-poradi-koi-slavni-zheni-gi-zaboravija-partnerite-13.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg