Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година

„Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на моја сметка, бидејќи немав пари кога се разведувавме. Верувам во бракот, инаку немаше да се мажам 5 пати. Перси е 31 година помлад од мене и е совршен љубовник“, вели британската актерка Џоан Колинс.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-djoan-kolins-prviot-soprug-ja-siluval-od-pettiot-e-postara-31-godina-01.jpg

Британската актерка Џоан Колинс (90), популарната Алексис од серијата „Династија“, веќе 20 години е во хармоничен брак со Перси Гибсон, кој е 31 година помлад од неа.

Перси е петтиот сопруг на Колинс, а таа тврди дека тој е најдобриот љубовник што го имала во животот.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-djoan-kolins-prviot-soprug-ja-siluval-od-pettiot-e-postara-31-godina-06.jpg

„Верувам во бракот, инаку немаше да се мажам 5 пати. И, конечно имам прекрасен брак.

Перси е 31 година помлад од мене, но не ја чувствуваме таа разлика.

Ние дури и не размислуваме за тоа“, изјави Колинс во интервју за BBC.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-djoan-kolins-prviot-soprug-ja-siluval-od-pettiot-e-postara-31-godina-05.jpg

Тие се запознале во 2000 година. Во тоа време Џоан имала 67 години, а Перси 36 и бил штотуку разведен.

Почнале да одат на вечери и да се дружат и по кратко време за вљубиле.

Според холивудската дива, токму тоа што прво биле добри пријатели, им ја направило врската поубава и посилна.

Тие се венчаа во Лондон во 2002 година. И, оттогаш се неизмерно среќни, вели Џоан.

Таа открива и која е тајната на нивниот брак:

„Секое утро пред да оди да трча, ми носи кафе во кревет, а јас ги читам весниците и го чекам да се врати. Ми остава и слатки пораки под шолјата со кафе“.

Но, пред да го запознае Перси, Колинс имала 4 пропаднати бракови. Но и многу љубовници, меѓу кои и Ворен Бити, Марлон Брандо, Рајан О’Нил и Хари Белафонте.

„Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот сопруг не се збогати на моја сметка, бидејќи немав пари кога се разведувавме“, вели Колинс.

Таа прво беше во брак со актерот Максвел Рид. Го запозна кога имаше 17 години, а тој 31. Се венчаа две години подоцна.

Џоан, долго време по разводот, призна дека тој ѝ ставил супстанци во пијалакот и дека ја силувал на еден од нивните први состаноци. Таа во тоа време била невина, па се омажила со него од срам.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-djoan-kolins-prviot-soprug-ja-siluval-od-pettiot-e-postara-31-godina-03.jpg

Но, вистинскиот пекол дошол подоцна, кога сопругот ѝ кажал дека нашол богат маж кој ќе ѝ плати 10.000 долари за да има секс со неа.

„Макс ми рече: ‘Ќе ти плати 10.000 фунти за една вечер, па дури ќе ми дозволи и да гледам’.

Гледав во мојот згоден сопруг и почнав да плачам, па му реков ‘никогаш нема да го направам тоа’“ – вели Колинс и по ова поднела барање за развод.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-djoan-kolins-prviot-soprug-ja-siluval-od-pettiot-e-postara-31-godina-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg