Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


12 славни жени кои родија деца по 40-тата година

Џина Дејвис, 46 години

Актерката и член на здружението Менса зад себе има три брака, а дури во третиот стана мајка. Со пластичниот хирург Реза Џарахи, Џина ја доби ќерка ѝ Ализех Кешвар, на 46-годишна возраст.

Кога имаше 48, актерката ги роди близнаците Кааис и Киан.

12-poznati-zheni-shto-stanaa-majki-posle-40-tata-godina-od-zhivotot-10.jpg

Холи Хантер, 47 години

Оскаровката Холи беше во брак со камерманот Јануш Камински 6 години. Но, овој брак не ја направи Холи мајка. Кога се венча по втор пат, со британскиот актер Гордон Мекдоналд, Холи роди близнаци на 47-годишна возраст.

Актерката не зборува за нејзиниот приватен живот и не ги покажува нејзините деца во јавност.

12-poznati-zheni-shto-stanaa-majki-posle-40-tata-godina-od-zhivotot-11.jpg

Лора Линеј, 49 години

Ѕвездата до „Love Actually“ и „The Truman Show“ прв пат стана мајка еден месец пред да наполни 50 години. Лора беше во брак два пати, а во вториот брак го доби нејзиниот прв син Бенет.

Актерката одлично ја сокри нејзината бременост и сè уште се обидува да го заштити нејзиното семејство од вниманието на јавноста.

12-poznati-zheni-shto-stanaa-majki-posle-40-tata-godina-od-zhivotot-12.jpg

Беверли Данџело, 49 години

Првиот сопруг на актерката беше италијанскиот аристократ дон Лоренцо Савиати, но парот немаше деца. Кога започна врска со Ал Пачино, Беверли роди две деца – синот Антон Џејмс и ќерката Оливија Роуз.

Ова е навистина храбро бидејќи Беверли имаше 49 години кога ги роди близнаците.

12-poznati-zheni-shto-stanaa-majki-posle-40-tata-godina-od-zhivotot-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg