Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најголемите опсесии и зависности на ѕвездите – дали некои се воопшто нормални?

Џеси Ajсенберг го претвори станот во стационар за мачки.

Ако сте љубител на животните, ѕвездата на филмот „The Social Network“ дефинитивно  ќе ве импресионира со хуманоста. Џеси Ајсенберг чува дури 42 мачки во неговиот дом. Притоа, ниту една не е купена, туку буквално сите се посвоени од него.

Тој ги спасува уличните мачки за да не бидат успиени. Глумецот вели дека сега целиот стан е налик на стационар за крзнените шепасти пријатели. Како ли успева?

najgolemite-opsesii-i-zavisnosti-na-dzvezdite-dali-nekoi-se-voopshto-normalni-7.jpg

Деми Ловато е подготвена за дочек на вонземјаните.

Поранешната дизниева ѕвезда е претерано опседната со идејата дека вонземјаните постојат, како и дека во секое време може да пристигнат на нашата планета.

Деми Ловато не единствената што е подготвена за нивниот дочек. Мистеријата дали некаде во вселената постои живот ги интересира милиони луѓе ширум светот. Меѓутоа, не до таа мера како пејачката.

najgolemite-opsesii-i-zavisnosti-na-dzvezdite-dali-nekoi-se-voopshto-normalni-8.jpg

Џејсон Сигел има страшна збирка на кукли.

Кога е на филмското платно, комичарот обично ги смее гледачите до солзи. Меѓутоа, истото не можат да го кажат и исплашените гости, посетувајќи го домот на Џејсон Сигел во Лос Анџелес.

Актерот е опседнат со кукли и поседува навистина страшна збирка. Една од нив е и со неговиот лик.

najgolemite-opsesii-i-zavisnosti-na-dzvezdite-dali-nekoi-se-voopshto-normalni-9.jpg

Џордин Спаркс жали што не ги фатила сите Покемони.

Mладата изведувачка си го оствари сонот кога победи на шоуто за музички таленти „American Idol“. Но, останува горчливиот вкус поради неуспехот на друго поле.

Џордин Спаркс уште не може да прежали што не успеала да ги фати сите 150 Покемони. Играта што се здоби со невидена популарност пред некоја година, за неа претставувала сериозна зависност.

До толку била лута и нервозна, што го треснала уредот и направила дупка во ѕидот од спалната соба.

najgolemite-opsesii-i-zavisnosti-na-dzvezdite-dali-nekoi-se-voopshto-normalni-10.jpg

Ансел Елгорт е страствен колекционер на теписи.

Младиот американски глумец и пејач има прилично необична пасија. Ансел Елгорт е опседнат со купување килими. Слабост му се тие со рачна изработка и егзотични мотиви, па не штеди на пари за сите што ќе му фатат око. Во домот поседува импресивна колекција од стотици теписи.

najgolemite-opsesii-i-zavisnosti-na-dzvezdite-dali-nekoi-se-voopshto-normalni-11.png

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто Бен Афлек ја жалел Бритни Спирс? „Знам дека луѓето (папараци и фанови) што постојано те вознемируваат, ти викаат,...
Го оставила сопругот за него: Која е жената што го „растури“ бракот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер? Покрај аферата со дадилката, некои извори тврдат дека Бен Афлек имал афера и со ...
Бен Афлек подготвен да направи сè за Џенифер Гарнер: „Многу ја сака, Џеј Ло не можеше да се натпрева... Иако изворите тврдат дека нема ништо романтично помеѓу Бен Афлек и Џенифер Гарне...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Ја молеше да му прости, па ја остави откако таа јавно покажа колку го сака – Како Бен Афлек ја пониж... „Џеј Ло е „гневна“ и „понижена“ заради разделбата со Бен Афлек“ – пишуваат светс...
10 највпечатливи и вљубени парови на Мет гала 2025 Ник Џонас ѝ помага на саканата Пријанка со долгиот фустан, сопругот на Алиша Кис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg