Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и снимаше хит видеа, направи бајковита свадба во Охрид со саканата (видео)
- Детали
- понеделник, 26 мај 2025
Мустафа Ахмед долго време живееше во Македонија и снимаше забавни видеа за животот тука, а сега се врати повторно за да направи свадба. Допатува со саканата и блиските и направија бајковита свадба во Охрид. Maкедонија дефинитивно го освои неговото срце!
Мустафа Ахмед е дечко чиишто видеа од Македонија редовно стануваа вирален хит на социјалните мрежи.
Пред една седмица со видео тој најави дека се вратил во Македонија:
Инаку, има посетено над 30 земји, но подолго време престојуваше и се враќаше во нашата земја, а сега допатува за во нашата држава да ја направи својата свадба.
Со својата избраничка и најблиските роднини и пријатели тој го славеше овој убав повод во Охрид.
Прославата беше во совршениот амбиент на хотелот „Inex Olgica“.
Со бајковито опкружување, дечкото познат како „Travelsofmozzy“ на Инстаграм, каде има повеќе од 137.000 следбеници за својата сакана приреди венчавка од соништата.
Пред свадбата тој се пошегува како изгледа планирање на свадба во Македонија.
„Планирање свадба во Македонија мислев дека ќе биде лесно, но не. Не е лесно! Да ви кажам ако планирате нешто во Македонија, подгответе се за преговори кои никогаш не завршуваат...“
Кликнете на видеото:
Кликнете на видеата од свадбата:
Едно од неговите видеа за Македонија:
Прочитајте и Дечко од Сомалија, дал отказ за да патува низ светот и останал во Македонија: „Во Драчево има најдобар кромид“
Би можело да ве интересира:





