Љупка Митрова и саканиот Георги денес прават свадба на Халкидики - раскошна венчаница, луксузен ресорт со 70 гости
- Детали
- недела, 25 мај 2025
„Свадбата е закажана во Miraggio на Халкидики, и ако нè послужи времето, ќе ја правиме надвор, на отворено. Ќе има малку гости, навистина најблиски, околу 70“ - раскажа за CRNOBELO.com, Љупка Митрова, неколку дена пред свадбата.

Сопственичката на модниот бренд Mitroff и инфлуенсерка, Љупка Митрова, денес (25.05) на Халкидики прави свадба со својот сакан Георги.

Во интимна атмосфера, со околу 70 најблиски луѓе, тие се заколнаа на вечна љубов.
Парот направи регистрација пред два дена, а денес организираат забава со гостите, во луксузниот ресорт Mirragio на Халкидики.
Тие се заедно повеќе од една година, а датумот 25.05.2025 го избрале како ден за нивната свадба уште пред Георги да клекне на колено и да ја запроси Љупка.
Пред свадбата, таа за CRNOBELO.com откри неколку детали:
„Свадбата е закажана во Miraggio и ако нè послужи времето, ќе ја правиме надвор, на отворено.
Ќе има малку гости, навистина најблиски, околу 70.

Венчаницата е дизајн од мојот моден бренд, а јас од првиот ден знаев каков материјал и дизајн сакам, и што точно сакам да облечам за овој специјален ден.
За шминката е задолжен Зоран Шурбевски, а фризурата - другар ми Деки од Струмица. За музиката се задолжени наши луѓе“, ни раскажа Љупка.
Помеѓу гостите на свадбата се и Миа Костова и Тијана.

Свадбата ја отвори нашиот оперски пејач Иван Наумовски, кој им делеше црвени рози на гостите.




Прочитајте и Љубовната приказна на Љупка Митрова и Георги: „Знаев дека е за мене првиот ден кога го видов како ме чека на снегот во мојата уличка“
А. Ј. | Црнобело