Чудни детали од бракот на Емануел и Брижит Макрон: Нејзините деца се постари од него, се шпекулира дека е насилна

Врската на Емануел и Брижит Макрон отсекогаш важела за скандалозна, најмногу бидејќи ја почнале кога претседателот на Франција имал околу 16, а првата дама – дури 39 години. Тогаш таа била во брак со три деца.

skandalite-na-emanuel-i-brizhit-makron-nejzinite-deca-se-postari-od-nego-se-shpekulira-deka-e-nasilna01.jpg

Брижит и Емануел Макрон се меѓу најпознатите парови од политичката елита.

Иако постојано се поддржуваат во јавност и тврдат дека не ја ни забележуваат нивната огромна возрасна разлика, по последниот скандал, јавноста почна да се сомнева дека живеат во хармонија.

Видеото на кое се гледа како Брижит го удира Макрон пред да излезат од авион преку ноќ стана вирално и францускиот претседател мораше да објаснува дека само се шегувале.

Сепак, бидејќи во моментот кога Брижит го удира изгледа збунето, а потоа е видно напнат, тешко дека некој му верува.

А, низ годините, се појавиле и други скандали поврзани со францускиот пар, почнувајќи со начинот на којшто се запознале.

Скандалите и чудните детали во бракот на Брижит и Емануел Макрон:

Брижит му била наставничка на Емануел кога се запознале

Кога Брижит била наставничка во приватно средно училиште во Франција, бла во брак и имала три деца. Еден од нејзините ученици бил и Емануел Макрон.

Се запознале во 1993-та, кога Брижит имала 39, а Емануел само 15 години. Возрасната разлика и фактот што била во брак не било пречка за Брижит на која почнал да ѝ се допаѓа нејзиниот ученик. Па, кога Емануел имал околу 16 години, тие почнале афера.

Семејството на Брижит дознало за бизарната афера следната година, кога Брижит го поканила Емануел во домот на нејзините родители и додека се сончале покрај базенот, мајка ѝ и татко ѝ ги затекнале.

skandalite-na-emanuel-i-brizhit-makron-nejzinite-deca-se-postari-od-nego-se-shpekulira-deka-e-nasilna-02.JPG

Брижит добивала закани за аферата

Очекувано, врската на Брижит и Емануел предизвикала скандал. Нејзините родители почнале да добиваат заканувачки писма од локалци, барајќи од нив да преземат нешто.

Истовремено, соседите честопати плукале и фрлале со предмети пред домот на Брижит, додека нејзините пријатели престанале да зборуваат со неа.

Родителите на Емануел, пак, го испратиле да учи во Париз со надеж дека ќе стават крај на аферата. Но, ништо од ова не ги натерало да се разделат.

skandalite-na-emanuel-i-brizhit-makron-nejzinite-deca-se-postari-od-nego-se-shpekulira-deka-e-nasilna-03.JPG

Разводот на Брижит траеше цела деценија

Првиот сопруг на Брижит бил банкарот Андре Луис Озиер и според некои извори, веста за аферата на неговата сопруга му била како „силна шлаканица“.

Веднаш почнале постапка за развод, но го финализирале дури по цел деценија, односно во 2006 година.

Додека траела постапката, Брижит продолжила да се гледа со Емануел, и покрај тоа што родителите го преместиле во училиште во Париз.

Иако Брижит се сомневала дека ќе сака да остане со неа, наводно Емануел секој петок трчал да го фати возот од Париз до Амиен, гратчето каде што живеела Брижит.

skandalite-na-emanuel-i-brizhit-makron-nejzinite-deca-se-postari-od-nego-se-shpekulira-deka-e-nasilna-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg