Скандалозно видео: Францускиот претседател Емануел Макрон доби удар од сопругата, пред да се симне од авион

Во вирално видео снимено викендов во Виетнам се гледа како првата дама на Франција го удира сопругот Емануел Макрон пред да излезат од авион. Претседателот на Франција изгледа збунето, а кога сфаќа дека вратата од авионот е отворена, веднаш почнува да им мавта на присутните и пробува да се насмее.

viralno-video-brizhit-go-udira-emanuel-makron-po-liceto-pred-da-izlezat-od-avion-01.jpg

И покрај тоа што Брижит е скоро 25 години постара од Емануел Макрон, првата дама и претседателот на Франција тврдат дека имаат хармоничен брак.

Но, според ново видео кое веќе се споделува вирално, се чини дека и нив не им „цветаат рози“ во бракот.

viralno-video-brizhit-go-udira-emanuel-makron-po-liceto-pred-da-izlezat-od-avion-3.JPG

На видеото снимено во неделата (25.05) се гледа авионот со кој Емануел и Брижит пристигнале во Ханој, Виетнам.

Како што маж ја отвора вратата од авионот, внатре се гледа Макрон и во еден миг се забележува како Брижит го удира на лицето.

Додека го удира, Брижит не е во кадар, но се гледа нејзината рака.

viralno-video-brizhit-go-udira-emanuel-makron-po-liceto-pred-da-izlezat-od-avion-5.JPG

Макрон изгледа збунето, но штом забележува дека вратата е отворена, се насмевнува и почнува да им мавта на присутните.

Уште некоја минута се гледа како претседателот нервозно се движи во авионот, пред да излезат заедно со Брижит.

viralno-video-brizhit-go-udira-emanuel-makron-po-liceto-pred-da-izlezat-od-avion-6.JPG

Од канцеларијата на Макрон прво изјавија дека видеото лажно, но веќе е потврдено дека сепак е веродостојно.

Познаник на францускиот претседател, пак, го опиша нападот на Брижит како „безопасен конфликт“, додека портпарол од Елисејската палата вели дека парот само се шегувал.

„Видеото е снимено во момент кога претседателот и неговата сопруга за последен пат се релаксираа пред почетокот на патувањето, со шега. Ова беше миг на блискост“.

viralno-video-brizhit-go-udira-emanuel-makron-po-liceto-pred-da-izlezat-od-avion-02.JPG

Друг соработник на претседателот исто така тврди дека не станува збор за насилство:

„Ова е момент кога претседателот и неговата сопруга се шегуваат еден со друг пред почетокот на патувањето. Нема потреба да се хранат теориите на заговор“.

viralno-video-brizhit-go-udira-emanuel-makron-po-liceto-pred-da-izlezat-od-avion-7.JPG

Сепак, јавноста не се согласува со овие изјави и додека некои кажуваат шеги на сметка на претседателот, други истакнуваат дека ова сепак е насилство.

„Семејно насилство“.

„Ако тој ја нападнеше неа на овој начин, досега ќе бараа да даде оставка“.

„Ако ова се појави во јавност, тогаш којзнае што му прави зад затворени врати“.

„Од изразот на неговото лице е јасно дека не станува збор за шега. Брижит е ужасна“.

Погледнете го видеото:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обе...
Нов бизарен потег на Трамп - не ѝ ја пушта раката на Брижит Макрон при ракување 13 секунди (вирално ... Во една пригода Трамп зборуваше дека Брижит се однесува „исклучително лошо“ кон ...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Трошел 10.000 евра дневно за храна, имал 120 автомобили: Како живееше Никола Саркози, пред да биде о... Откако беше избран за претседател на Франција, Никола Саркози стана познат по ра...

Најчитани неделава