Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео)

На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Италија – на истото место каде што пред само 2-3 дена имаше друга лавина во која загинаа двајца скијачи.

dramatichni-snimki-od-ogromna-snezhna-lavina-na-skijachki-centar-vo-italija-vtora-vo-nekolku-dena-video-01.jpg

Во неделата наутро (15.02) во скијачкиот центар кај гратчето Курмајор во северозападна Италија имаше снежна лавина во која загинаа две лица, а едно се здоби со сериозни повреди.

Едниот маж загинал веднаш, а другиот по пат до болница. Третиот бил веднаш пренесен во болница во Торино.

dramatichni-snimki-od-ogromna-snezhna-lavina-na-skijachki-centar-vo-italija-vtora-vo-nekolku-dena-video-02.JPG

Надлежните реагирале веднаш и биле најмени 15 спасувачи и три кучиња за извлекување на настраданите.

Reuters сподели и видео на кое се гледаат спасувачките екипи и хеликоптерите.

Како што споделуваат експертите, областа каде што се наоѓа ски центарот е на релативно висок ризик од снежни лавини.

Проблемот е што лавините не можат да се предвидат и снегот може да почне да се спушта по планината сосема спонтано, некогаш и од движењето на скијачите.

Денес, пак, на социјалните мрежи почна да се споделува видео од друга снежна лавина, повторно на истиот скијачки центар.

Како што споделуваат странските медиуми, видеото е снимено вчера (17.02).

dramatichni-snimki-od-ogromna-snezhna-lavina-na-skijachki-centar-vo-italija-vtora-vo-nekolku-dena-video-04.JPG

На видеото има група скијачи која го гледа формирањето на лавината, а потоа сите почнуваат да бегаат.

Скијачите кои стојат понапред целосно се губат од видик поради облакот од снег.

Се споделува и уште една снимка направена од друг агол на која се гледа само огромен облак од снег, додека лавината се спушта надолу.

На крајот од видеото, видливоста е драстично намалена поради снегот.

Според досегашните информации, во втората лавина нема жртви или повредени.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...

Најчитани неделава