Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот“ го видел онлајн
- Детали
- петок, 26 декември 2025
17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв, а открило дека советот го видел на социјалните мрежи. За руските медиуми, лекарите апелираат дека дигестивниот систем не може да дигестира крв и пиењето крв може да предизвика повраќање, па и многу посериозни симптоми.

„Советите“ за здравје и што уште не што ги гледаме на ТикТок и Инстаграм генерално ги споделуваат луѓе кои се далеку од експерти.
Проблемот е што ваквите содржини допираат и до деца и тинејџери кои сепак им веруваат. А, некогаш овие „совети“ не само што не функционираат, туку можат да бидат и опасни.
Ваков е случајот со тинејџер од Русија кој завршил во болница бидејќи ја пиел својата крв.
Како што пренесува Москва24, 17-годишното момче имало анемија, а пробало да си го зголеми нивото на хемоглобин пиејќи ја својата крв.
„Советот“ го видел онлајн и верувал дека ќе му помогне да си го подобри здравјето, но и дека ќе го направи посилен.
Состојбата на тинејџерот нагло е влошила – почнал да повраќа крв, а имал и треска.
Неговите родители викнале брза помош, по што тинејџерот бил хоспитализиран, а по дијагноза за акутно труење, бил пренесен и на интензивна нега.
Според руските медиуми, лекарите успеале да го стабилизираат, а откако им кажал зошто пиел крв, го испратиле и на психијатриско советување.
За Москва24, лекар зборува за опасноста од овој „совет“, истакнувајќи дека крвта го иритира желудникот.
„Желудникот не ја апсорбира крвта бидејќи содржи многу железо. Ова, пак, создава иритација.
Овие фактори објаснуваат зошто кога има крвавење во желудникот, на пример од чир, телото реагира така.
Телото не може да дигестира крв, ова е многу сложен процес“.
Тој додава и дека ако испиете крв, таа само ќе помине низ дигестивниот систем, но ќе предизвика иритација и ќе се јави повраќање.
„Поради ова, не можете да излечите анемија со пиење крв. На крај ќе доведе само до повраќање и никаков бенефит“.
Друг доктор вели дека кога некој има анемија, мора прво да се утврди причината пред да се добие соодветен третман.
„Кога нивото на железо и хемоглобин се ниски, се јавува клиничка анемија. Придружена е со чувство на слабост, замор и блед изглед на кожата.
Ако ги имате овие симптоми, веднаш одете на лекар кој ќе ви ја провери крвта и ќе го открие коренот на проблемот“.
Анемијата никако не може да се лекува со пиење крв, туку со терапија исклучиво препишана од лекар.
Доста често на лицата со анемија им се препорачува и да направат некои промени во исхраната, односно да внесуваат повеќе храна богата со железо.
Спирова С. | Црнобело
