Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува

На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обезбедување ја повлекува кон себе и ја спасува од трагедија – сите се восхитени од неговите рефлекси.

viralno-video-zhena-vo-turcija-za-vlakno-kje-beshe-udrena-od-tramvaj-mazh-od-obezbeduvanje-ja-spasuva-01.jpg

BBC објави видео кое вирално се споделува, а направено е од безбедносни камери во турскиот град Кајсери.

На снимката се гледа како жена тргнува кон шините за трамвај и погледнува на десната страна, но не забележува дека од левата доаѓа трамвај.

viralno-video-zhena-vo-turcija-za-vlakno-kje-beshe-udrena-od-tramvaj-mazh-od-obezbeduvanje-ja-spasuva-02_2.jpg

Во буквално последна секунда, човек од обезбедување ја фаќа за рака и ја повлекува кон себе, со што ја спасува од огромна трагедија.

viralno-video-zhena-vo-turcija-za-vlakno-kje-beshe-udrena-od-tramvaj-mazh-od-obezbeduvanje-ja-spasuva-02.jpg

Oд операторот за транспорт, кој првично го објави видеото, му се заблагодаруваат на чуварот, а ги предупредуваат луѓето да ги користат исклучиво пешачките премини и да гледаат во двете насоки при преминување.

Се претпоставува дека жената имала слушалки во уши, па не успеала да ја слушне опасноста и напоменуваат дека слушалките можат да ве спречат да ја слушате околината и да доведе до опасност.

„Човекот од обезбедување заслужува медал“, „Ја спаси благодарение на неговото брзо размислување“ / „Неверојатни рефлекси, благодарност до чуварот што ја спаси, херој“ – гласат дел од коментарите.  

Погледнете го видеото:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...

Најчитани неделава