Чудни детали од бракот на Емануел и Брижит Макрон: Нејзините деца се постари од него, се шпекулира дека е насилна
Се венчаа кога Брижит „ја газеше“ шестата деценија
Брижит се венча со Макрон една година по финализирањето на нејзиниот развод. На денот на свадбата, Брижит имаше 54 години, а Емануел – 29.
Тие се венчаа на истото место каде што Брижит стапи во брак со првиот сопруг.
И покрај негодувањето за нивната врска, на свадбата сепак присуствувале родителите на парот, како и други членови на семејството.
Децата на Брижит се постари од Емануел
По венчавката, Емануел стана очув на трите деца на Брижит. Но, две од децата се постари од него. Емануел е неколку месеци помлад од ќерката Лоренс и неколку години помлад од синот Себастијан.
Иако денес биле во добар однос, на почетокот тие ја осудувале врската на мајка им и Емануел.
Од друга страна, најмладата ќерка на Брижит, која е помала од Емануел, има изјавено дека веднаш ѝ се допаднал. Кога ја почнале врската, девојчето имало девет години, па мајка ѝ честопати ја носела на средбите со Емануел.
„Ако требаше да опишам што е совршена љубов, ќе кажев дека тоа се Емануел и мајка ми. Кога се заедно, светот околу нив како да не постои“, има изјавено таа.
Емануел нема биолошки деца, но вели дека е потполно среќен како очув на трите деца на Брижит.
Шпекулации за сексуалната ориентација на Емануел, но и полот на Брижит
Бидејќи јавноста сепак не може да се помири со возрасната разлика на парот, се имаат појавено шпекулации дека Емануел е хомосексуалец, но и дека Брижит е всушност маж.
Брижит поднесе и тужба против две лица поради ширењето на шпекулациите дека е трансродова жена.
Емануел, пак, вели дека на луѓето им пречи што сопругата е постара, а не тој, па затоа им е тешко да поверуваат дека нивната врска не е лажна.
„Ако јас бев 20 години постар од мојата сопруга, никој немаше да се сомнева во нашата љубов. Но, бидејќи таа е 20 години постара, луѓето не можат да поверуваат“.
Можно е Брижит да е насилна кон Емануел
Иако досега немало слични инциденти, јавноста се сомнева дека Брижит е насилна кон Емануел поради видеото од Виетнам.
За многумина, уште посомнително е тоа што портпаролот на претседателот прво тврдеше дека видеото е генерирано со вештачка интелигенција, за потоа да признаат дека е автентично.
Емануел стои на ставот дека со сопругата само се шегувале и дека во нивната врска нема насилство.
Прочитајте повеќе: Скандалозно видео: Францускиот претседател Емануел Макрон доби удар од сопругата, пред да се симне од авион
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





