Кое е значењето на машничката која Кејт Мидлтон со години ја носи на Вимблдон?


Кое е значењето на машничката која Кејт Мидлтон со години ја носи на Вимблдон?

Фантастичните, елегантни фустани кои Кејт Мидлтон ги бира за појавување на трибините на Вимблдон ретко кој може да ги игнорира. Но, она што малкумина го имаат забележано е нејзиниот постојан аксесоар – машничката во темно зелена и виолетова боја.

kakvo-e-znacenjeto-na-masnickata-koja-kejt-midlton-so-godini-ja-nosi-na-vimbldon-01.jpg

Какво е значењето зад оваа машничка која Кејт ја носи на Вимблдон, без разлика дали ѝ одговара на фустанот или не?

kakvo-e-znacenjeto-na-masnickata-koja-kejt-midlton-so-godini-ja-nosi-na-vimbldon-02.jpg

Војвотката е покровител на тенискиот клуб All England Lawn Tennis and Croquet, односно на местото каде се одржува Вимблдон.

За потсетување, Кејт е страствен тениски играч, а пасијата му ја пренела и на принцот Џорџ кој неодамна имал тениски час со легендарниот Роџер Федерер.

Официјалните бои на клубот се темно зелената и виолетовата, па токму затоа машната е во тие бои.

kakvo-e-znacenjeto-na-masnickata-koja-kejt-midlton-so-godini-ja-nosi-na-vimbldon-03.jpg

Покровителот, претседателот, комитетот за управување, потпретседателите и четири члена од извршниот одбор се единствените кои поседуваат вакви машни и имаат право да ги носат.

Освен годинава, Кејт е забележана со истата машничка и изминатите години на Вимблдон:

kakvo-e-znacenjeto-na-masnickata-koja-kejt-midlton-so-godini-ja-nosi-na-vimbldon-04.jpg

kakvo-e-znacenjeto-na-masnickata-koja-kejt-midlton-so-godini-ja-nosi-na-vimbldon-05.jpg

kakvo-e-znacenjeto-na-masnickata-koja-kejt-midlton-so-godini-ja-nosi-na-vimbldon-06.jpg

kakvo-e-znacenjeto-na-masnickata-koja-kejt-midlton-so-godini-ja-nosi-na-vimbldon-07.jpg

kakvo-e-znacenjeto-na-masnickata-koja-kejt-midlton-so-godini-ja-nosi-na-vimbldon-08.jpg

kakvo-e-znacenjeto-na-masnickata-koja-kejt-midlton-so-godini-ja-nosi-na-vimbldon-09.jpg

kakvo-e-znacenjeto-na-masnickata-koja-kejt-midlton-so-godini-ja-nosi-na-vimbldon-10.jpg

kakvo-e-znacenjeto-na-masnickata-koja-kejt-midlton-so-godini-ja-nosi-na-vimbldon-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт и Вилијам уживаат во природа со децата, а принцот Луи ги направи првите чекори (фото) Кејт и Вилијам викендов уживаа со децата на игралиште во шума и не пропуштија да...
Познати дами кои имаат мали гради и се горди на нив И додека девојки од цел свет, за жал, се оперираат за да имаат бујно деколте как...
Кејт Мидлтон собра храброст да облече „забранети“ шорцеви по 11 години (фото) Кралското семејство овојпат се појави во понеофицијално издание и „избега“ од ст...